Добивај вести на Viber
Грција треба да продолжи со институционалните и структурните реформи во државниот сектор, порача извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард, откако Фондот синоќа ја деблокираше петтата транша од помошта за Грција во износ од 1,72 милијарди евра.
Лагард нагласи дека очекува, државниот долг на Грција, да остане висок и во наредната деценија.
„Добредојдени се уверувањата на европските партнери дека, доколку биде потребно, ќе разгледаат мерки и помош за намалување на грчкиот долг до значителни нивоа под 110 отсто од БДП до 2022 година, што зависи од целосната примена на барањата кои се содржат во грчката програма“ - истакна Лагард.
Шефот на ММФ им препорача на властите во Грција да вложат поголеми напори, за да може земјата да го постигне саканиот траен економски раст.