15 Мај, 2024
0.0268

Лавина во пакистанско село уби 9 лица, а жртви брои и Авганистан

Објавено во: Свет 05 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Најмалку девет лица, меѓу кои четири жени и четири деца, загинаа денеска, додека тројца останаа заробени во лавина во село во северниот дел на Пакистан.

Несреќата се случила во 3 часот по полноќ по локално време во селото Шерсал во дистрикотот Читрал. Затрупани се осум куќи, а спасени се три лица, соопштуваат властите.

Овој регион е погоден од силно снежно невреме, а висината на снежната покривка на некои места достигнала висина од 1,2 метри.

Најмалку деветнаесет луѓе ги загубиле животите последните два дена во инциденти предизвикани од силните снежи врнежи во авганистанската покраина Бадакшан во северниот дел од Авганистан, соопшти портпаролот на покраинскиот гувернер.

Од 19-те жртви, седумнаесет биле жртви на лавина, уривање на покриви од објекти под тежината на снегот и во сообраќајни несреќи, рекол за Reuters Навид Фортан, портпаролот на гувернерот на покраината Бадакшан.

Според него, властите се обидуваат да воспостават врски со дванаесетте региони во покраините, коишто поради обилните снежни врнежи се отсечени од остатокот на светот.

Поради невремето отежнато е движењето по неколку главни магистрални правци во Авганистан, особено на патот кој ги поврзува Кабул и Кандахар. Таму во снегот се заробени околу 250 возила и автобуси, а за нивно извлекување се упатени полицијата и војската.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува