Лавров до Болтон: На македонски пратеници им беа одземани мобилните телефони
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2018 06:40
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, на состанокот со помошникот на претседателот на САД за национална безбедност Џон Болтон му се пожалил дека на македонски пратеници им биле одземани мобилните телефони додека биле присилувани да гласаат за отворање на уставните измени за промена на името.
"Во парламентот на Македонија имаше гласање за отпочнување на процедурата за измена на Уставот, а деветте гласови од опозицијата беа делумно добиени со поткуп, делумно ветувајќи дека нема да има покренување на обвиненија за кривично дело, а дури тројца пратеници набрзина беа пуштени од куќен притвор. Биле заклучувани во кабинети и им биле одземани мобилните телефони. За сето тоа време во зградата на македонскиот парламент Амбасадорот на САД бил присутен", истакна Лавров, во интервју за програмата "Москва. Кремљ. Путин" на телевизискиот канал "Русија 1".
На прашањето како реагирал Болтон, Лавров изјави дека тој само се насмевнал и заклучил дека се работи „за земја со многу комплицирани политички односи“.
Претходно, американскиот амбасадор Џес Бејли демантираше дека бил во македонското Собрание за време на гласањето и дека седницата ја следел на телевизија. Исто така, речиси сите пратеници негираа дека прифатиле поткуп и дека биле насилно приморани да гласаат под закани.
Можеби ќе ве интересира
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата




