19 Декември, 2025
0.0482

Лазаров: Кога е во прашање Македонија нема дилеми, борбата продолжува

Објавено во: Македонија 08 Март, 2017 21:20

Добивај вести на Viber

Ракометната легенда Кирил Лазаров повторно се обрати на Фејсбук пред македонската јавност да посочи дека не се повлекува од постот во кој изрази поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“ бидејќи одлуката ја донел самостојно и ја избрал Македонија над било која партија. 

- Почитувани Македонци. Драго ми е што има различни мислења после вчерашниот мој пост, меѓутоа си ветив на себе пред да постирам дека нема да избришам ниту еден коментар без разлика дали е тој позитивен или негативен.Не сакав да си створам лажна слика за состојбата бришејки ги коментарите што не ми се допаѓаат.

Тешките времиња служат за тоа да видиме што мислат нашите блиски за нас.
Во мојата професионална кариера имав многу советници од секаков тип.Доблест е да знаеш да ги сослушаш луѓето и сум им благодарен,НО одлуките секогаш ги носев сам. Затоа и сега се одлучив за МАКЕДОНИЈА.

Ние сите имаме право да поддржуваме политичка партија,имаме право да навиваме за Барселона или Реал,да бираме помеѓу Меси и Роналдо,секој си има свој вкус и избор но кога ке треба да одбереш помеѓу Македонија и било кој друг секогаш изборот е Македонија.

Нема дилема!!!

Имав прилика во кариерата да настапувам и за друга држава,да се обезбедам материјално за цел живот во време кога на нашата репрезентација не и цветаа рози но и тогаш ја одбрав Македонија,и не се каам воопшто баш напротив стојам гордо и ја пеам нашата химна во победи но и во порази...

Сега и во нашата држава не цветаат рози но, сепак се одлучувам за Македонија,за Македонија која ја сакам од срце...

Нашата борба за Македонија продолжува. Само храбро и одлучно, напиша Лазаров на својот Фејсбук профил.

Сепак, капитенот на македонската ракометна репрезентација не посочи од што тоа мисли дека Македонија мора да се одбрани. 


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината