05 Декември, 2025
0.0569

Лазечко темпо на кредитирање – банките претпазливи!

Објавено во: Финансии 26 Септември, 2013 08:01

Добивај вести на Viber

Августовски бавен пораст на вкупното кредитирање. По подолг период, Народната Банка измери намалување на спорните и сомнителни побарувања кои во осмиот месец од годинава изнесуваат 425 милиони евра. Најолема е кредитната задолженост на граѓаните по основ на потрошувачки кредити. Кај штедењето - во август пораст од 4 проценти. Еврото го стаса денарот.  Кредитирање : најголема задолженост со потрошувачки кредити  Оптимистичките показатели за економскиот раст во првите два квартали од годинава не го придвижија кредитирањето. Од јули до август Народната Банка регистрираше незначителен раст од вкупните кредити на банките и на штедилниците од 1 милион евра. Заклучно со август вкупните кредити изнесуваат 3 милијарди 651 милион евра, додека во јули салдото изнесуваше 3 милијади 650 милиони евра.
„Заклучно со август годишната стапка на раст на кредитите изнесува 3,7% и е под нивото на прокецијата за раст од 4,6%. Остварениот годишен кредитен раст во целос произлегува од зголемувањето на денарските кредити, при забрзување на падот на девизните кредити“ - констатира аналитиката на Народната Банка
Анализата на валутната структура на кредитите покажува дека во август пораст е регистриран кај кредитите во денари, додека кај девзиното кредитирање има пад. Во август, по подолг период, Народната Банка забележа намалување на салдото на спорните побараувања. Така во осмиот месец од годинава тие изнесуваат 425 милиони евра, за разлика од јулското салдо од 443 милиони евра. Економската неизвесност поради кризата и стравот за навремено сервисирање на долговите се одрази врз кредитирањето на приватниот сектор. Во август, вкупната кредитна изложеност кон приватниот и јавниот сектор изнесува 2,1 милијарда евра и во однос на јули се забележува пад. Кај кредитирањето на домаќинствата – спротивен тренд. Со бавен пораст, вкупните кредити на населението достигнаа 1,4 милијарди евра. Пораст се забележува кај потрошувачките кредити, станбените кредити и кредитните картички, додека намалување на кредитната изложеност за физички лица има кај автомобилските кредити. Штедење : еврото го стаса денарот Штедењето на граѓаните – стабилно, а на компаниите умерено. Заклучно со август вкупната тедпозитна база бележи раст од 4 отсто. Од НЛБ Тутунска Банка велат дека во валутната струкура на штедните влогови, еврото веќе се изедначи со денарот.
„Штедењето, особено кај физичките лица го бележи тој тренд на раст. Заклучно со 31 август на ново на банкрскиот сектор штедењето бележи пораст за 4 отсто. Не би рекол дека преднички денарот, односно во валутната структура на депозитите паралелно однат и денарот и еврото, така кога зборуваме з аштедењето денарот и еврото веќе се изедначени. Ова е знак според мене дека граѓаните сеуште имаат доверба во националната валута. Како причина се повисоките камати за денарското штедење од една страна, но и довербата што ја стекнаа во вкупниот банкраски систем од друга страна. “ - изјави Антониот Аргир од НЛБ Тутнска Банка.
Според податоците од Народната Банка, за само еден месец депозитите во банките се зголемија за 87 милиони евра. Заклучно со август, според најновите показатели вкупната депозитна база изнесува нешто повеќе од 4 милијарди евра. Анализата на најновите податоци укажува на тоа дека пораст се забележува и кај денарското и кај девизното штедење, но сепак најголем дел од депозитите во банките се во домашна валута. Според Народната Банка остварениот раст на депозитите е резултат главно на пораст на денарското штедење, додека кај девизното е забележан умерен годишен раст.
„Денарските депозити на населението се зголемуваат и во текот на август, со речиси исто темпо како и во претходните месеци, при што се задржа нивнотостабилно учество во вкупните депозити на населението од околу 49%. Девизните депозити и натаму се зголемуваат со умерено темпо“ – оценува НБРМ.
Според податоците, домаќинствата чуваат 1,4 милијади евра во денари и 1,5 милијарди евра во странски валути, главно во евра. Она што навестува оптимизам е месечниот пораст на депозитите на приватниот сектор.
„Годишната стапка на раст на вкупните депозити заклучно со август, годинава изнесува 4,5% и е под проекцијата за третиот квартал од 7,3%. На квартална основа, заклучно со истиот месец, вкупните депозити бележат раст од 6,7 милиони денари. Тоа е речиси двојно повеќе од планираниот раст за третиот квартал согласно со априлската проекција “ – оценува Народната Банка.
Според податоците, во банките лежи скоро 1 милијарда евра депозити на фирмите и на јавниот сектор, додека граѓаните чуваат 2,9 милијарди евра. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката