ЛЕТАА МАСИ, СТОЛОВИ, И ШИШИЊА, ПОЛИЦИЈАТА МОРАЛА ДА РЕАГИРА: Срби и Англичани се истепаа во Германија (ВИДЕО)
Објавено во: Балкан 16 Јуни, 2024
Навивачите на Србија и Англија се степаа во Гелзенкирхен пред натпреварот на овие две селекции на Европското првенство, а по улиците настана вистински хаос, барем така тврдат на социјалните мрежи, каде има и видеа. Едно од нив доаѓа од британскиот новинар Тајрон Френсис.
Односот меѓу овие две страни се „готви“ веќе неколку дена, особено по срамните текстови на Англичаните во кои едноставно бараа гужва и проблем, што очигледно ги испровоцира српските фанови, кои не можеа да издржат во еден момент.
На социјалните мрежи беше споделено видео на кое се гледа како полицијата се разделува и луѓето се тепаат, а како што велат летале и столици, маси и стаклени шишиња.
BREAKING: England & Serbia fans clash in Gelsenkirchen. Tables, chairs, glass bottles all thrown and smashed in a side street just off the main square. German and UK riot police on the scene. pic.twitter.com/oZuGcPjTJQ
— Tyrone Francis (@TJFrancisLive) June 16, 2024
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.