05 Декември, 2025
0.0576

ЛЕТНА ПОБАРУВАЧКА ЗА КРЕДИТИ: Банките го очекуваат пикот – дали ќе се случи?

Објавено во: Финансии 14 Јуни, 2016 08:18

Добивај вести на Viber

Неизвесноста од политичката криза продолжува и трае, но банките мора да продолжат со тековните операции на одобрување на кредити со зголемена внимателност – коментираат за “Фактор“ дел од банкарите. Вообичаено, летниот период е во знакот на зголемена побарувачка на потрошувачки кредити, осoбено на крајот од јуни и почетокот на јули. Дали овој вообичаeн тренд ќе се повтори и годинава или тоа нема да се случи поради неизвесноста од политичката криза, наскоро ќе се знае, велат банкарите. “Од досега расположливите бројки не може да се извлече заклучок дека побарувачката за потрошувачки кредити е забавена. Пикот на побарувачката на кредити го очекуваме кон крајот на јуни и почетокот на јули, кога вообичаено граѓаните поарди годишните одмори сакаат да се обезбедат со финансии. Во овој период има надпросечен број на апликации за кредити, дали ова ќе се случи и во оваа летна сезона наскоро ќе се знае. Многу е тешко во услови на вкупна неизвесност да се даваат оценки и прогнози“ - коментираат за “Фактор“ од една од поголемите банкарски групации. Летната зголемена побарувачка за кредити ја очекуваат и во Стопанска Банка – Битола. Владимир Ефтимоски“Во однос на побарувачката за потрошувачки кредити, би рекол дека имаме константна состојба. Почетокот на јули главно секоја година е во знакот на зголемена побарувачка, но овој тренд е од сезонски карактер. Во овoј период граѓаните бараат кредити, секако тука се и кредитните картички, за летните одмори. По овој пик, во август има замирање, па пoтоа повтoрно во септември зголемена побарувачка, која исто така е со сезонски карактер. Во овој момент побарувачката за потрошувачки кредити не е ниту зголемена ниту намалена“, вели Владимир Ефтимоски, директор на Стопанска Банка, Битола. Според априлските податоци, потрошувачките кредити остануваат најатрактиви за граѓаните, и само по овој основ населението должи 1,05 милијарди евра. Зголемена побарувачка има и за станбените кредити, со што задолженоста по освој основ е во постојан раст. Во очекување на мајските податоци за кредитирањето и за штедењето, расположловите информации упатуваат на тоа дека во кртичниот април е регистриран раст на кредитирањето во денари но пад кај девизното кредитирање. Вкупната кредитна изложеност заклучно со четвртиот месец изнесувала 4,55 милијарди евра и за еден месец, или во однос на март се зголемила за незначителни 634 илајди евра. Кредитна изложеност : април 4 553 853 658 евра март 4 553 219 512 евра. Според податоците, на крајот од четвртиот месец од годинава, граѓаните по основ на сите видови на кредити, минуси на кредитни картички и негативни салда на тековни сметки, граѓаните должеле 2 милијарди евра и за еден месец задолженоста се зголемила за 17,5 милиони евра. Податоците за критичниот месец покажуваат дека граѓаните и натаму се задолжувале, додека кај фирмите има забавено кредитирање. Задолженост на граѓани: април 2 031 983 739 евра март 2 014 422 764 евра За ралика од кредитната задолженост кај граѓаните, кај фирмите е забележано намалување на депозитната база. Задолженост на фирми: април 4 553 219 512 евра март 4 553 853 658 евра Во април, месецот кога поради политичката неизвесност и продлабочените ризици се случи досега најголемото повлекување на депозитите од банките. Банкарите велат дека состојбата е стабилизирана. “Она што е најважно е дека состојбата со депозитите е стабилизирана. Граѓаните, јавнста навреме сфати дека нема причина за паника, нема економска оправданост за тоа што се случи. Сега откако заврши таа состојба, се направија само економски трошоци по различни основи, загуба на камата, провизии, надокнади при заамена на денари во дезвизи“, велат банкарите. Само во април од банките беа извлечени 109 милиони евра, како последица од неизвесноста поради политичката криза. “Во овој момент состојбата е стабилизирана, се покажа дека граѓаните сепак имаат доверба во банкарскиот сектор“ - велат од Стопанска банка – Битола. На страната на нефункционалните и проблематични кредити, во април е регистрирано салдо од 488 032 520 евра, и за еден месец, односно во споредба со март има зголемување за околу 130 000 евра. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката