06 Октомври, 2024
0.0273

Летото го зема данокот – расте бројот на сообраќајни незгоди

Објавено во: Мои пари 12 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Најголем број на сообраќајки со тешки последици се случуваат во јули и август од 11 до 17 часот. Ова е заклучокот на претставниците на Републичкиот завод за безбедност на сообраќајот(РСБСП) од каде информираат дека на високите температури  расте бројката на сообраќајни несреќи во земјава. Како главни причини се споменуваат човечкиот фактор и непочитувањето на сообраќајните правила и прописи, главно преку пребрзото возење.

Лани 132 жртви имало на македонските патишта. Притоа  јуни, јули и во август, има за 40 проценти повеќе сообраќајќи во споредба со остатокот од годината. Статистиката покажува и дека најмалку незгоди има во февруари.

Така, ако во 2010 година од вкупно 4.013 несреќи со потешки последици 1.217 се поради брзо возење и неприспособена брзина. Во 2011 имало 4.196 незгоди, а пребрзото возење е причина кај 1.260.

Лани од 3.868 незгоди, 863 се поради пребрзо возење, покажуваат статистичките податоци.

Со цел подобрување на состојбите, надлежните со флаери и плакати кои ќе се дистрибуираат на граничните премини, патарините и бензински станици ќе работат за поголема безбедност во сообраќајот.

Ова се само дел од предвидените активности за интензивирање на летната кампања 2013 што ја спроведува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот чија цел е подигнување на јавната свест, подобро информирање и предупредување на возачите.

„Oваа кампања, поделена во пет сегменти, има за цел да ја покрене јавната свест дека најголемиот причинител на трагични сообраќајни незгоди е човекот. Со почитување на правилата на безбедоност во сообраќајот, следење на патната сигнализација и прилагодување на брзината многу помалку луѓе ќе гинат на македонските патишта“, забележа  Тоше Јанев, портпарол на РСБСП.

Можеби ќе ве интересира

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми