16 Декември, 2025
0.0823

Летувалиштата празни: Колку чини сместување во Паралија и Лептокарија, гиро ни за лек

Објавено во: Македонија 22 Април, 2021 08:37

Добивај вести на Viber

Речиси е невозможно да се најде сместување во Паралија и Лептокарија, но не затоа што туристите ги преплавија омилените македонски и српски летни одморалишта, туку затоа што скоро никој не издава сместување.

Соговорници на Новости од Србија, кои поминале два дена на грчкиот брег за деловни активности, велат дека биле шокирани од тоа колку сè изгледа тивко, уништено. Како земјата да е во грч, а така се однесувале и Грците кои живеат таму. За две ноќевања во хотелот каде што биле единствени гости, тие платиле 140 евра. Сведочат дека невозможно било да се купи гиро ни во Паралија ниту во Лептокарија.

Грците на овие простори велат дека живеат од Србите, и не само во сезоната, бидејќи Србите, особено од крајниот југ на Србија, доаѓаат во Грција со првите топли денови, но тоа не е случај оваа година. Нашите соговорници велат дека храна можеле да купат само во соседниот град Катарина.

„Нема продавници или ресторани. Грците се прилично исплашени во овие крајбрежни места. Секој носи маски, дури и додека шета на плажа, никој не може со сигурност да каже каква ќе биде претстојната сезона. Контролите се ригорозни не само на границата, туку и на наплатните рампи, каде што е потребна потврда за вакцинација, поточно QR-код, изјавиле тие.

И министерот за здравство Венко Филипче најави дека Македонија веќе има изготвено сертификат, по насоки на ЕУ, со посебен код кој ќе послужи на граѓаните да патуваат во Грција, откако тамошните власти ќе донесат и официјална одлука за тоа. Според најавите кои Филипче ги добил од грчкиот министер за туризам Теохарис тоа се очекува да се случи на 14 мај. Во интервју за ТВ Сител, Филипче истакна и дека освен сертификат за вакцинација, граѓаните кои не се вакцинирани ќе може да патуваат и со потврда за негативен ПЦР тест кој може да го напратва во една од 20 те лаборатории кои имаат дозвола од Министерството за здравство.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“