Левицa: Општините да кажат каде завршија парите од откажаните новогодишни прослави
Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2017 14:17
Од Левица бараат општините кои ги откажаа новогодишните прослави да објават јавно и транспарентно каде точно завршија парите, кои ветија дека ќе ги пренаменат за хуманитарни цели.
Град Скопје, Битола, Велес и Куманово под притисокот од јавноста најавија дека средствата од новогодишните прослави ќе ги пренаменат за помош на социјално-загрозените граѓани, додаваат од партијата.
„Доколку локалните самоуправи одбијат транспарентно да објават каде точно завршија парите на граѓаните, со право може да се смета дека тоа беше само уште еден нивни магионичарски трик, фрлајќи им магла во очите на граѓаните. Доста беше евтиното купување партиски поени! Ако локалните власти мислеа дека јавноста ќе заборави на нивните ветувања, дебело се излажаа. Ветувањето дека парите ќе бидат пренасочени за помош на социјално-загрозените граѓани мора да биде придружено со конкретни чекори.Сиромаштијата на сè поголем број граѓани е најголемиот проблем во Македонија. Пренасочувањето на парите од новогодишните прослави сигурно нема да го реши проблемот. Но, притисокот што го изврши јавноста за да дојде до пренасочување на средствата од новогодишните прослави покажува дека народот поседува моќ“ - велат од Левица.
Од партијата велат дека крајно време е политичарите да покажат интерес за обичниот човек.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




