29 Јуни, 2024
0.0302

„Левица“ поднесе декларација во Собрание за осуда на израелската окупација

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Пратениците на Левица денеска во Собрнаието поднесоа декларација за солидарност со палестинскиот народ и осуда на узраелската окупација, но и да се признае независна држава Палестина.

Во Декларацијата составена од девет точки, која се темели на неколку меѓуанародни акти и резолуции на Обединетите Нации, меѓудругото се бара осуда на воените злосторства врз палестинските цивили извршени од страна на безбедносните сили на Израел и осуда на политиките на апартхејт имплементирани врз палестинскиот народ. 

„Во Декларацијата се бара од Владата на РМ да ја признае независната држава Палестина и да воспостави дипломатски односи на ниво на амбасади, а од Претседателот на Републиката се бара веднаш да го отповика македонскиот амбасадор во ООН, кој гласаше воздржано за Резолуцијата на Генералното собрание на ОН за заштита на палестинските цивили, како и вклучување на припадници на АРМ во мировните мисии на ООН за пружање хуманитарна помош на Појасот Газа.

Со оваа Декларација, пратениците на Левица, му предлагаат на Собранието на РМ, како уставен носител на законодавната власт и средиште на парламентарниот плурализам, да го изрази својот политички став за неприфатливите, нечовечки и страотни сцени на масакри и колективна траума кои секојдневно доаѓаат од разурнатата Газа, осудувајќи ја илегалната израелска окупација на палестинските територии.

Сметаме дека нормативниот текст на Декларацијата е во склад со традицијата на југословенската дипломатија и истиот е прифатлив за сите политички чинители застапени во македонскиот парламент, а ова особено во духот на интернационализмот и меѓународната солидарност.“, објави Левица.


Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори