LG подготвува 6 – инчен Quad HD екран
Објавено во: Мои пари 29 Мај, 2014
LG изгледа не се задоволува со она што го претстави со G3 смартфонот, а тој има quad HD екран со густна од 538 ppi. Шефот на LG Display неодамна даде интервју во кое споменува густина на пиксели на екран од 660 ppi, па дури и смартфони со панели каде тој однсо е 700ppi.
LG сепак следната голема работа ќе ја прикаже на SID 2014 саем во Сан Франциско, и тоа ќе биде 6-инчен Quad HD екран. Кај него густината ќе биде нешто пониска, поточно 491ppi, но тоа е и понатаму над било кој телефон достапен на пазарот.
6-инчниот Quad HD екран можеби за прв пат ќе го видиме во идниот LG таблет.