04 Декември, 2024
0.0296

ЛИБАН ПОД ОГАН, ДОДЕКА ЧЕКААТ СО ЧАСОВИ ВО АВТОМОБИЛИТЕ ЗА ДА ИЗБЕГААТ, ЛУЃЕТО УМИРААТ ОД СРЦЕВ УДАР: Новинарката Рим Хани од Бејрут за Фактор

Објавено во: Свет 25 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Граѓаните на Либан живеат во постојан страв. Израелските напади кои започнаа во понеделникот го потресоа јужниот дел на земјата, оставајќи пустош, разрушени домови и разбранувани емоции. Траумата е неподнослива за многумина, особено за оние кои преживеале слични настани за време на војната во 2006 година. Денес, ситуацијата е исто така застрашувачка, а илјадници семејства се приморани да ги напуштат своите домови, трагајќи по сигурност и заштита. Постарите лица умираат од срцев удар додека со часови чекаат заглавени во колите, обидувајќи се да избегаат од интензивните израелски бомбардирања кои го погодија јужниот дел на Либан. Ситуацијата станува сè понеподнослива, со раселување на десетици илјади луѓе кои се обидуваат да се спасат од насилството кое ги зафати нивните домови. Новинарката на весникот „Al Akhlbar“, Рим Хани од Бејрут за Фактор ја пренесува застрашувачката реалност со која овие денови се соочуваат граѓаните на Либан.

„Граѓаните на Либан се разбудија во понеделникот од звукот на експлозии, какви што немаме видено уште од војната во 2006 година,“ вели Рим Хани.

„Бомбардирањето погоди десетици градови и села, уништувајќи патишта, мостови и планини. Ниту една област не е поштедена – сè е мета на нападите.“ Станува збор за безмилосни бомрадирања во области на југот од земјата, од Бинт Џбеил, Набатие и Тир, до Сидон и Џезин, заедно со интензивните воздушни напади насочени кон регионот Бека. Израелската армија ја правда својата воздушна кампања како превентивен напад откако ги „откри намерите“ на Хезболах да пука на окупираните територии, повикувајќи ги „цивилите во либанските села во близина на зградите што ги користи Хезболах за воени цели, како што се оние што се користат за складирање оружје, веднаш да ја евакуираат опасната зона заради нивна безбедност“, посочува новинарката.

Паника и раселување

Како што интензивираат бомбардирањата, Либанците се принудени да ги напуштаат своите домови, но патиштата, како што вели таа, се преполни со автомобили.

„Додека зборуваме, официјалните податоци се дека веќе има над 16.500 бегалци. Некои луѓе остануваат заглавени во колите повеќе од десет часа, и тоа е особено опасно за постарите лица,“ објаснува Хани. „Има случаи на срцеви удари кај постарите лица кои едноставно не можат да го издржат долготрајното чекање и стресот.“

Министерот за итни случаи, Насер Јасин, извести дека „владата отвори 150 училишта како привремени засолништа за раселените лица и обезбеди 10.000 душеци и ќебиња,“ но додава дека бројот на бегалци е во постојан пораст. „Ситуацијата е толку тешка што училиштата во Сидон и Бејрут веќе достигнуваат свој максимален капацитет,“ додава таа.

Психолошка војна

Покрај физичките напади, израелските сили користат и психолошки методи за да внесат страв меѓу населението. „Луѓето добиваат повици на своите мобилни телефони со пораки да ги напуштат домовите, предупредувајќи ги на опасност,“ вели Хани. „Повеќе од 80.000 повици биле испратени, само за да се влее дополнителна паника. Ова е класична тактика на психолошка војна.“

Ситуацијата во болниците е особено тешка. „Медицинскиот персонал работи со целосна посветеност и солидарност, но веќе немаат доволно ресурси за да ги третираат сите повредени,“ нагласува Хани. Според последните извештаи од Министерството за здравство, бројот на жртви надмина 558, меѓу кои има и 50-тина деца и жени, а повредените се повеќе од 1600.

Опасност од ширење на конфликтот

Како што конфликтот продолжува, постои зголемена загриженост дека Израел ќе преземе и копнени операции. „Израелските власти тврдат дека Хезболах складира оружје во домови на цивили, и тоа е причината зошто ги таргетираат овие области,“ објаснува Хани. „Ако воздушните напади не ги постигнат целите, веројатно е дека ќе се пристапи кон копнена операција.“

Меѓународната заедница, предводена од Кина и Русија, го осуди израелското бомбардирање. Сепак, постои загриженост дека овие осуди нема да бидат доволни за да се спречат понатамошни напади. „Газа е пример за тоа колку ваквите осуди може да бидат неефикасни,“ коментира Хани.

„Либанскиот отпор е решен да продолжи со операциите, одговарајќи на агресијата на Израел,“ заклучува Рим, но засега и покрај обидите за деескалација, ситуацијата во Либан останува критична. 

Анита Буховски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За Украина е неприфалива сугестијата од САД да ја намали долната граница за воена регрутација

За Украина е неприфалива сугестијата од САД да ја намали долната граница за воена регрутација

КАРЛСОН СЕ ВРАТИ ВО МОСКВА: Подготвува обемно интервју со Сергеј Лавров, не му било дозволено да го интервјуира Зеленски

КАРЛСОН СЕ ВРАТИ ВО МОСКВА: Подготвува обемно интервју со Сергеј Лавров, не му било дозволено да го интервјуира Зеленски

ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА ИМПИЧМЕНТ НА ​​ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЈУЖНА КОРЕА! исфрлен е од партијата

ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА ИМПИЧМЕНТ НА ​​ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЈУЖНА КОРЕА! исфрлен е од партијата

„Ќе се воведат ли санкции против Сеул? Или Јужна Кореја ќе има повеќе среќа од Грузија?“: Захарова распали на социјалните мрежи

„Ќе се воведат ли санкции против Сеул? Или Јужна Кореја ќе има повеќе среќа од Грузија?“: Захарова распали на социјалните мрежи

(ВИДЕО) КРИЗА ВО ЈУЖНА КОРЕЈА: Уапсени се опозициски лидери, имаше и судири

(ВИДЕО) КРИЗА ВО ЈУЖНА КОРЕЈА: Уапсени се опозициски лидери, имаше и судири

ТРАМП ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ХАМАС: Скапо ќе платат ако не ги пуштат заложниците

ТРАМП ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ХАМАС: Скапо ќе платат ако не ги пуштат заложниците

РОМАНИЈА ОСТРО РЕАГИРА: Дугин напишал дека земјата ќе биде дел од Русија?

РОМАНИЈА ОСТРО РЕАГИРА: Дугин напишал дека земјата ќе биде дел од Русија?

ШОКАНТНА ПОРАКА ОД УКРАИНА ДО НАТО АЛИЈАНСАТА: Отфрламе се освен полноправно членство!

ШОКАНТНА ПОРАКА ОД УКРАИНА ДО НАТО АЛИЈАНСАТА: Отфрламе се освен полноправно членство!

ИМА И КОНТРОВЕРЗНО ОРУЖЈЕ, ШТО СÈ СОДРЖИ ПАКЕТОТ ОД БАЈДЕН ЗА УКРАИНА: Чини само 725 милиони долари

ИМА И КОНТРОВЕРЗНО ОРУЖЈЕ, ШТО СÈ СОДРЖИ ПАКЕТОТ ОД БАЈДЕН ЗА УКРАИНА: Чини само 725 милиони долари