04 Декември, 2024
0.0261

ЛИБАН: Повеќе од 70.000 луѓе се на улица

Објавено во: Свет 26 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Во Либан повеќе од 70.000 луѓе се на улица и бараат засолниште. 

Тие ги напуштија своите домови поради продолжувањето на воздушните напади на Израел врз Либан, изјави денеска  министерот за внатрешни работи Басам Мавлави

Вкупниот број на луѓе кои избегале од источен и јужен Либан веројатно ќе биде многу поголем бидејќи многумина отишле во куќи или хотели на роднини, покрај официјалните засолништа, пренесоа агенциите.

Во Либан има повеќе од 90.000 новораселени лица, објавија ОН. Од почетокот на прекуграничните конфликти пред скоро една година, илјадници луѓе се раселени од двете страни.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди дека Либан е на работ и ги повика двете страни „да престанат со убиствата и уништувањето“.

Зголемениот притисок да се спречи избувнување на регионална војна, САД и нивните десет сојузници повикаа на тринеделен прекин на огнот на израелско-либанската граница.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли информациите дека може да се воспостави итен прекин на огнот и најави дека израелската армија ќе продолжи да се бори со полна сила. 

Хезболах редовно гаѓаше цели во Израел. Инаку, неодамна членови на групата се соочија со напад на нивните пејџери и воки - токи во кои имаше експлозив. Лани на 7 октомври палестинската терористичка група Хамас изврши напад на Израел и војната уште трае. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За Украина е неприфалива сугестијата од САД да ја намали долната граница за воена регрутација

За Украина е неприфалива сугестијата од САД да ја намали долната граница за воена регрутација

КАРЛСОН СЕ ВРАТИ ВО МОСКВА: Подготвува обемно интервју со Сергеј Лавров, не му било дозволено да го интервјуира Зеленски

КАРЛСОН СЕ ВРАТИ ВО МОСКВА: Подготвува обемно интервју со Сергеј Лавров, не му било дозволено да го интервјуира Зеленски

ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА ИМПИЧМЕНТ НА ​​ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЈУЖНА КОРЕА! исфрлен е од партијата

ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА ИМПИЧМЕНТ НА ​​ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЈУЖНА КОРЕА! исфрлен е од партијата

„Ќе се воведат ли санкции против Сеул? Или Јужна Кореја ќе има повеќе среќа од Грузија?“: Захарова распали на социјалните мрежи

„Ќе се воведат ли санкции против Сеул? Или Јужна Кореја ќе има повеќе среќа од Грузија?“: Захарова распали на социјалните мрежи

(ВИДЕО) КРИЗА ВО ЈУЖНА КОРЕЈА: Уапсени се опозициски лидери, имаше и судири

(ВИДЕО) КРИЗА ВО ЈУЖНА КОРЕЈА: Уапсени се опозициски лидери, имаше и судири

ТРАМП ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ХАМАС: Скапо ќе платат ако не ги пуштат заложниците

ТРАМП ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ХАМАС: Скапо ќе платат ако не ги пуштат заложниците

РОМАНИЈА ОСТРО РЕАГИРА: Дугин напишал дека земјата ќе биде дел од Русија?

РОМАНИЈА ОСТРО РЕАГИРА: Дугин напишал дека земјата ќе биде дел од Русија?

ШОКАНТНА ПОРАКА ОД УКРАИНА ДО НАТО АЛИЈАНСАТА: Отфрламе се освен полноправно членство!

ШОКАНТНА ПОРАКА ОД УКРАИНА ДО НАТО АЛИЈАНСАТА: Отфрламе се освен полноправно членство!

ИМА И КОНТРОВЕРЗНО ОРУЖЈЕ, ШТО СÈ СОДРЖИ ПАКЕТОТ ОД БАЈДЕН ЗА УКРАИНА: Чини само 725 милиони долари

ИМА И КОНТРОВЕРЗНО ОРУЖЈЕ, ШТО СÈ СОДРЖИ ПАКЕТОТ ОД БАЈДЕН ЗА УКРАИНА: Чини само 725 милиони долари