04 Јануари, 2025
0.0283

ЛИЧНИ ПРИЧИНИ, ЗГОЛЕМЕНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ОБВРСКИ ВО ДРУГИТЕ АНГАЖМАНИ - Миле Зечевиќ поднел оставка од функцијата член на Надзорен одбор во Стопанска банка Битола

Објавено во: Финансии 29 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Стопанска банка Битола преку Берзата извести дека членот на Надзорниот одбор, Миле Зечевиќ, до Собранието на акционери на Стопанска банка Битола поднел оставка од функцијата независен член на Надзорниот одбор на Банката.

Тоа се случило пред околу еден месец, односно на крајот на август оваа година. 

„Согласно член 364 од Законот за трговските друштва, по поднесената оставка не се одлучува за нејзино прифаќање. Се смета дека на членот на Надзорниот одбор му престанал мандатот со денот на поднесувањето на известувањето за оставката, во писмена форма, освен ако во известувањето не е наведен некој друг датум“, соопштиле од банката. 

Инаку, како што наведуваат оттаму, во поднесената оставка Миле Зечевиќ има наведено дека неа ја дава од лични причини, заради зголемени професионални обврски во останатите работни ангажмани и истата стапува во сила со денот на комплетирање на составот на Надзорниот одбор. 

Миле Зечевиќ е генерален секретар на владејачката партија СДСМ.

Инаку, сега Собранието на акционери на Стопанска банка а.д. Битола треба да донесе одлука за именување еден член на Надзорниот одбор на банката како независен член.

Собранието на акционери на Стопанска банка Битола ќе се одржи на крајот на октомври оваа година, а на него ќе се предложи нов член на Надзорниот одбор на банката, кој ќе има мандат од 4 години. 

Засега не е познато кој ќе биде нов член на Надзорниот одбор. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ 10 ДРЖАВИ СКЛАДИРААТ НАЈМНОГУ ЗЛАТО ВО СВЕТОТ - на новата листа две значајно скокнаа

ОВИЕ 10 ДРЖАВИ СКЛАДИРААТ НАЈМНОГУ ЗЛАТО ВО СВЕТОТ - на новата листа две значајно скокнаа

ОВОЈ ЧОВЕК ИМА ПЛАТА ОД 15 МИЛИОНИ ДОЛАРИ - има 65 години, но пензија не планира. Еве во што е тајната на неговиот успех

ОВОЈ ЧОВЕК ИМА ПЛАТА ОД 15 МИЛИОНИ ДОЛАРИ - има 65 години, но пензија не планира. Еве во што е тајната на неговиот успех

СТАТИСТИКА ЌЕ ПОПОЛНУВА 25 ПОЗИЦИИ: Платите се движат од 25 до 35 илјади денари, еве ги деталите

СТАТИСТИКА ЌЕ ПОПОЛНУВА 25 ПОЗИЦИИ: Платите се движат од 25 до 35 илјади денари, еве ги деталите

СТАНА НАЈБОГАТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ПО ГРЕШКА И ИЗГУБИ СЀ ЗА 2 МИНУТИ: Не можеше да ја прочита ни 17-цифрената сума на Пејпал сметката

СТАНА НАЈБОГАТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ПО ГРЕШКА И ИЗГУБИ СЀ ЗА 2 МИНУТИ: Не можеше да ја прочита ни 17-цифрената сума на Пејпал сметката

ЕВЕ ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ ВО ГРЦИЈА ГОДИНАВА: Подгответе ги паричниците

ЕВЕ ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ ВО ГРЦИЈА ГОДИНАВА: Подгответе ги паричниците

ЖИВЕЕЊЕТО КАКО БОГАТАШ НИКОГАШ НЕ БИЛО ПОСКАПО: Еве што удри по џебот на милијардерите

ЖИВЕЕЊЕТО КАКО БОГАТАШ НИКОГАШ НЕ БИЛО ПОСКАПО: Еве што удри по џебот на милијардерите

ПЕСИМИЗАМ НА СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ - пад на индексите на Wall Street

ПЕСИМИЗАМ НА СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ - пад на индексите на Wall Street

ОВА Е НАЈПРОДАВАНИОТ АВТОМОБИЛ ВО ЕВРОПА:Ќе се изненадите кога ќе видите за кој модел станува збор

ОВА Е НАЈПРОДАВАНИОТ АВТОМОБИЛ ВО ЕВРОПА:Ќе се изненадите кога ќе видите за кој модел станува збор

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ДА КУПИТЕ ИМОТ ВО ЕВРОПА: Ова е убедливо најскапата земја

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ДА КУПИТЕ ИМОТ ВО ЕВРОПА: Ова е убедливо најскапата земја