18 Декември, 2025
0.0624

Лидерите дојдоа во Драч - семејствата побрзо да закрепнат

Објавено во: Македонија 21 Декември, 2019 11:07

Добивај вести на Viber

Лидерите на Западен Балкан го посетија Драч, за поддршка на  семејствата што ги обновуваат своите домови од последиците од земјотресот.

„Како израз на солидарноста со граѓаните на Албанија, и во знак на поддршка и духовна поткрепа на жителите на градовите и другите населени места што настрадаа од земјотресот на 26 ноември, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама и претседателите на Србија и Црна Гора, Александар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ, утринава го посетија Драч“, соопштија од Влдата.

Лидерите на Западен  Балкан, кои во Тирана пристигнаа на третата сесија од иницијативата за продлабочување на соработката во регионот, се сретнаа со дел од семејствата што сега ги обновуваат своите домови од трагичната катастрофа, и ја потврдија својата подготвеност да ја продолжат натамошната поддршка и помош во периодот на закрепнување од последиците од земјотресот.

„Оваа посета на Драч воедно е и најава на заедничката соработка во справувањето со природни катастрофи и вонредни состојби која ќе биде вклучена како уште една област за непосредна и блиска соработка меѓу земјите од Западен Балкан во документот за поинтензивна интеграција на регионот што ќе биде усвоен денеска во Тирана. Северна Македонија беше една од земјите што веднаш упати стручни екипи за прва помош и спасување кои, со специјализирана техничка опрема и кучиња трагачи, спроведоа акции за извлекување на настраданите граѓани во Драч, како и во санирање на штетите од катастрофалниот земјотрес. Владата на Република Северна Македонија издвои 6 милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот“, соопштија од Владата.

Можеби ќе ве интересира

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив