Добивај вести на Viber
Германскиот малопродажен ланец Лидл и официјално го купи земјиштето во Белград каде планира да ги гради новите супермаркети. Компанијата ја потврди оваа информацијата, пренесоа српските медиуми.
„Сакаме да нагласиме дека имаме одлична соработка со локалните власти во Србија, од каде ни ја пружаат сета неопходна помош“, соопштуваат од компанијата.
Покрај во Белград Лидл маркети ќе се градат во внатрешноста на Србија, односно во Ваљево, Суботица, Нови Сад, Зрењанин, Ниш и Смедерево. Веќе се најавува и конкурсот за вработување во Лидл кој ќе овозможи отварање нови работни места.
Услов за изградба на маркет на Лидл за Србија е локацијата да биде на фреквентно место , со одлична видливост и сообраќајна поврзаност. Супермаркетите на Лидл во просек имаат по 1000 м2, со дополнителни 200-650 м2 магацински и помошни објекти и задолжителен паркинг простор.