ЛИНИИТЕ СЕ ВЖЕШТИЈА: Путин и Ердоган разговарале за жешка тема!
Објавено во: Свет 22 Декември, 2017
Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, денес разговарале телефонски за решение за блискоисточната криза во контекст на резолуцијата за статусот на Ерусалим кој го усвои Генералното собрание на ОН.
„Тие ја повторија заедничката посветеност на понатамошно промовирање на напори во решавање на палестинско израелската криза врз основа на меѓународни правни норми и примена на права на палестинскиот народ да создаде независни држави“, соопшти прес службата на Кремљ.
Генералното собрание на ОН денес, на вонредна седница, со 128 гласови „за“ и девет „против“ го прогласи американско признавање на Ерусалим како престолнина на Израел ништовно. Како што пренесоа агенциите, 35 земји биле воздржани.