Им подава ли некој рака на лицата со оштетен слух кои бараат работа?
Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2019 06:47
Во Македонија глувите и наглуви лица имаат потешкотии при наоѓање на работа, и доколку се вработат тоа обично е во приватниот сектор.
Во јавниот сектор шансите за вработување на лицата со оштетен слух се многу помали од повеќе причини. Од Здружението на глуви и наглуви лица на Град Скопје велат дека вработувања има, но како обични работници.
„Ги вработуваат во печатници, како обични работници, во фабрики за чорапи, на некои пониски позиции. Имаме еден или двајца членови со завршен факултет, но и нив им е тешко за пронаоѓање на подобра работа, а бројката на наши членови е над 800“, вели Лилјана Илиевска од Здружението на глуви и наглуви на Град Скопје.
Од Здружението на глуви и наглуви од Куманово каде имаат 50 активни членови, објаснуваат дека луѓето со оштетен слух од овој град работат во приватен сектор, во магацини, како хигиеничарки, курири.
„Тешко оди вработувањето на оваа категорија на луѓе, а се трудиме и во локалните институции да вработиме некој од нив. Луѓето обично работат физичка работа, и не можат да напредуваат со плата, им треба покачување кое ќе ги мотивира“, вели Деко Марков, секретар во Здружението на глуви и наглуви од Куманово.
Од Здружението на глуви и наглуви во Струга, велат дека имаат 70 членови, од кои 30 се активни и редовно доаѓаат во просториите на здружението, при што повеќето се вработени.
„Некои се вработени во фабрики, во маркет, некои имаат свој бизнис. Имаме едно девојче кое работи во фабрика во Охрид. Ние немаме членови со завршен факултет, повеќето се со средно образование, но повеќето немаат финансии и тоа е пречка да го продолжат образованието“, раскажува Александра Лазаревска, секретар во Здружението на глуви и наглуви од Струга.
Од компанијата Алфи Би од Куманово која вработува лица со оштетен слух, велат дека имаат неколку вработени, но ќе реализираат и нови вработувања за салонот во Скопје кој ќе го отворат. За овие вработувања државата дава поволности. Оваа компанија е позната во јавноста по фактот дека вработува лица со попреченост.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата




