ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ: УЈП објави кој не платил данок

Објавено во: Економија 10 Јули, 2024 17:34
Управата за јавни приходи(УЈП) ја објави листата на должници.
Тоа се долгови доспеани до 31 март 2024 и неплатени до 30 јуни 2024 година. Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи секој месец најдоцна до 10 ти во месецот согласно Законот за даночна постапка. Инаку, пред десет години, на 10 јуни 2014 година Управата за јавни приходи на својата веб страна ја објави првата Листа на должници. Оваа мерка ја применуваат даночните администрации како одраз на својата транспарентност и отчетност пред јавноста за дисциплината на даночните обврзници, како и за својата ефикасност во управувањето со заостанатите долгови.
„Општествениот договор” за плаќање даноци се заснова на принципот секој даночен обврзник да го плати точниот износ на данок што го должи, во точно време а нередовното и нецелосно плаќање на даночните обврски, како појава која генерира заостанати – неплатени даночни долгови, е негативна отстапка од овој принцип. При тоа, доцнењето при плаќањето може да произлегува и од финансиски потешкотии на даночниот обврзник, но таквото доцнење може да биде прифатено од УЈП и не се гледа преку листата на должници доколку даночниот обврзник истото го регулирал на законски дозволен начин преку механизмот одложено плаќање (репрограм).
Од УЈП најавуваат дека во иднина оваа институција ќе се стреми кон промовирање на однесувањето на мнозинството даночни обврзници кои се даночно усогласени и го преземаат товарот да ја полнат државната каса, а зголемена ефикасност во наплатата на заостанатите долгови преку автоматизација на деловните процеси, електронско управување со работниот тек во функциите, објективна селекција се новиот предизвик на Управата за јавни приходи.
Листата можат да ја видат тука.
Можеби ќе ве интересира
Фактор анализа КОЧАНИ – ВИНИЦА 2024: Виница прави најголем алаш-вериш во Источна Македонија! Кои се најголемите во Виница и Кочани?
„СО МАКЕДОНСКА ПЛАТА, МОЖЕЛО ДА СЕ КУПИ ПРОСЕЧНО 4 ПАТИ ПОМАЛКУ ГАС ОТКОЛКУ СО УНГАРСКАТА“: Професорот Трајковски потсетува на неуспехот како држава

ПРАВИЛОТО „78 ОТСТО“ И ВО ЕСМ? Платата на директорите и до 2.500 евра

ГОТОВО Е, ОТПУШТААТ 7.000 РАБОТНИЦИ: Еве кој гигант одлучи да испрати работници дома

Нема повеќе обложување на странските веб платформи во Македонија

Бизнисменот Назиф Дестани излегол од „Еуромакс Рисорсес“

ВОРЕН БАФЕТ КОНЕЧНО ОТКРИ ЗОШТО„БЕРКШИР ХАТАВЕЈ“ МУ ЈА ПРЕДАВА НА АБЕЛ: „Кога наполнив 90 години, почнав да стареам“

Фактор анализа КУМАНОВО 2024: Кои се најголемите фирми во Куманово? Три фирми, едно семејство за профит од 10,2 милиони евра!

„Гранит“ ангажирал 30 Индијци за работа на автопатот Кичево - Охрид
