ЛИСТА НАЈДОБРИ ГРАДОВИ ЗА ЖИВОТ ЗА 2017: Зошто Виена осум години по ред е на прво место?
Објавено во: Финансии 14 Март, 2017
Главниот град на Австрија Виена е уште еднаш е прв по квалитет на живот на традиционалната листа градови на американската фирма (Mercer).
На оваа листа се наоѓаат 231 град, а Виена веќе осма година е на првото место, додека на последното повторно е Багдад.
Виена повторно е најдобра поради својата културна сцена, квалитетна здравствена заштита, умерени цени на живот и евтин градски превоз, а зад неа следат Цирих, Окланд, Минхен и Ванкувер.
На листата градови за живот кога е во прашање регионот најдобро стои Љубњана (76 место), Загреб е на 98 а Сараево на 159.
Во истражувањето се подредени дури четириесеттина разни фактори како што се политичката стабилност, инфраструктура, здравствена заштита. образование, криминал, рекреација, култура...