Листа земји со брзорастечка економија кои ќе го управуваат светот во иднина
Објавено во: Финансии 14 Март, 2017 10:01
Кои се земјите со брзорастечки економии, кои се очекува да се водечки во престојните години? Одговор на прашањето дава истражување на U.S. News & World Report.
Медиумската организација го истражува мислењето на над 21 000 експерти во врска со изгледите на 80 различни земји во светот. Меѓу испитаните критериуми се економско влијание, граѓански права и квалитет на животот.
Претходно ви ја претставивме нивната листа на највлијателните и моќни земји во светот.
За да се оцени идниот просперитет на земјите, се користи и модел, кој го претставува во перспектива растот на бруто домашниот производ и паритетот на куповната моќ по глава на жител.
Листата доминира од држави од Азија и Блискиот Иток.
Еве кои се 9-те земји со најперспективни економии:
9. Египет
Египет се наоѓа на 45-то место по влијание на листата на 80-те земји. Но земјата очекува заем од Меѓународниот монетарен фонд во износ од 12 милиони евра, кој ќе помогне во обновата на економијата во следните години.
8. Русија
Русија се опоравува од сериозна рецесија, зафатена и од санкциите од страна на ЕУ и САД, воведени во 2014 година, како и од падот на цените на горивата пред една година. Инаку таа е на 27-то место во светот по моќ на економијата.
7. Саудиска Арабија
Земјата се наоѓа на речиси една четвртина од светските резерви на нафта, но бара начини да ја диверзификува својата економија и на намалување на зависноста од горивата во иднина.
6. Тајланд
Азиската држава може да се пофали со значаен агро сектор и конкурентско индустриско производство, кои помагаат за ниските нивоа на сиромаштија и невработеност.
5. Јапонија
Земјата на изгрејсонцето се реди високо на листата со екстра
претприемништво и културно влијание, поддржани од политичка и економска стабилност.
4. Кина
Кинеската економија и нејзиниот раст помагаат да се зголеми и влијанието на Кина на светската политичка сцена.
3. Индија
Земјата е на 25-тото место од 80-те земји, а тоа се должи главно на добрата економија и работната сила со високи вештини.
2. Сингапур
Земјата традиционално е напред во листите за водење бизнис, квалитет на живот и инвестиции.
1. Обединети Арапски Емирати
Богатите нафтени наоѓалишта ја направија земјата една од најбогатите во светот. Диверзификацијата придонесува ОАЕ да е на врвот на листата најодржлива економија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





