27 Ноември, 2024
0.0302

ЛИСТАТА НА „ГАРАНТИРАНИТЕ ЦЕНИ“ ЌЕ СЕ ПРОШИРУВА: ДПИ од денес ќе ги чешла трговците, лично и Бектеши ќе оди во инспекција

Објавено во: Економија, Македонија 20 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Од идната недела граѓаните може да очекуваат дополнување на листата поевтини производи, вклучувајќи ги и оние за хигена, како и одредени кондиторски производи кои повеќе се трошат, рече вчера вечер министерот за економија Крешник Бектеши.

Бектеши информира дека од денес, сите маркети ќе треба да ја стават ознаката „гарантирана цена“ на поевтинетите производи за 10 отсто, согласно вчера донесената владина одлука. 

Од денес, исто така, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе биде на терен, а Бектеши лично, како што рече во телевизиско гостување, на инспекторите ќе им се придружи утре.

Тој е убеден дека оваа мерка ќе даде резултат, како и дека со купување на овие за 10 проценти поевтини производи, ќе им се врати нешто во стандардот на граѓаните иако, потврди, од 1 август некои производи поскапеле повеќе од десет отсто. 

Според министерот, се јавуваат производители на минерална вода, пиво и сокови кои сакаат да се вклучат во мерката за намалување на цените која засега важи само за основните прехранбени производи.

-Ќе дадеме рок од една недела, да видиме како ќе се спроведува Одлуката. Од утре ДПИ ќе биде на терен, а јас од задутре и лично ќе им се придружам. Повеќе од убеден сум дека мерката ќе ги даде резултатите. Се забележа дека посебно по 1 август до денес, не само што се вратени маржите, туку и нелогично се зголемени цените на одредени производи. Утврдено е дека некои трговци сакаат тоа што им било план од почетокот на годината да го заработат по секоја цена, но во кризни времиња тоа не е дозволиво, посебно кога целиот товар е врз грбот на потрошувачите. Затоа одлучивме да ја донесеме оваа мерка. Гарантирам дека веќе нема да се носат „џентлменски“ мерки, како што ги нарекувавме, со усмен договор, туку мерките ќе бидат конкретни, објавени и јасни за сите граѓани да знаат точно што ќе следи. На дневна база ги следиме случувањата и затоа решивме производите да имаат ознака „гарантирана цена“ за потрошувачите полесно да ги препознаваат, потенцира Бектеши.

Министерот кажа и дека денеска добил многу повици од трговци и од големи маркети кои доброволно се пријавуваат да ја користат ознаката „гарантирана цена“ и да ги поевтинат производите. Посебно, рече, меѓу овие биле производителите на минерална вода и пијалаци.

-Сакаат и тие да се вклучат во овие мерки. Се јавуваат производители на минерална вода, пиво, сокови кои сакаат да се вклучат во мерките кои важат само за основните прехранбени производи, истакна Бектеши.

Идната недела, најави, ќе се донесе ново законско решение за нефер трговски практики. Потсети и дека за евентуално предизвикување заблуди кај потрошувачите во однос на цените, измами или нефер трговски практики се предвидуваат забрана за вршење дејност или различни други казни и глоби кои се главно прекршочни.

-Во законот за кој се земени предвид неколку верзии од држави членки на ЕУ, ќе се предвидуваат односите од производство до крајниот производ на полица. Има различни договори на трговците на големо со маркетите и директно наши производители дистрибуираат до маркетите. Таму има „фронт“ и „бек“ маржи, а тоа значи дека освен профитната маржа што ја става маркетот, има и „бек“ маржи, квартални, месечни и годишни кои прозводителот треба да им го плати на одредени ланци маркети и тоа може да го поскапи проозводот до 40 па и до 50 отсто. „Бек“ маржата не е видлива, но се плаќа од производителите, тоа сега ќе се доуреди со законот. Ако се донесе одлука за замрзнување цени или за утврдување рабат, тогаш е прекршување на закон, објасни Бектеши. 

Во врска со акциските продажби на производите, министерот уште еднаш повтори дека ако причина е истекот на рокот на произвоот, тоа мора да биде наведено.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!