Литературна манифестација „Илинден 2015“
Објавено во: Мои пари 08 Мај, 2015 17:59
Општина Илинден, во насока на промовирање на современите културни достигнувања, од 11 до 16 мај 2015 година во Домот на култура „Илинден“ ќе ја организира 16. Литературна манифестација „Илинден 2015“.
Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи на 11 мај со почеток во 19:00 часот, а централниот настан - Поетскиот митинг „Стихови за душата“ ќе се случи на 15 мај со почеток во 19:00 часот, со настап на дваесет и пет писатели од Македонија и од балканските држави.
Во рамките на манифестацијата во Домот на култура „Илинден“ од 11 до 16 мај ќе се одржи саем на книгата под мотото „Денови на книгата“, каде што љубителите на пишанот збор ќе можат да најдат богат избор на книги и да се запознаат со најновите изданија.
Манифестацијата ќе биде збогатена со промоција на антологијата „Светиот пат“-поезија од балканските народи од Раде Силјан, промоција на романот „Бездомник со златен часовник“ на Верче Каранфиловска, како и промоција на книгата „Слики“ со портрет на Гордана Михаилова Бошњаковска. Во рамките на манифестацијата ќе се одржи средба со писателот Стојан Тарапуза по повод изборот од неговата поезија под наслов „Од изгрев до залез“, како и литературна средба со писателот Велко Неделковски. Присутните ќе имаат можност да ја проследат и изложбата на академскиот сликар Васка Дудин.
Составен дел и на годинешната 16-та по ред манифестација ќе биде традиционалното Литературно матине за деца, на кое ќе настапат повеќемина писатели за деца и млади, како и заедничката дружба на писателите во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“, во Дељадровци.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка





