Љубчо Георгиевски: Иванов да го даде мандатот на СДСМ, па ако не успеат и на ДУИ
Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2017 17:50
Екс премиерот и лидер на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, смета дека претседателот Иванов иако нема изрична одредба во Уставот според начелата на парламентарната демократија сега мандатот треба да го додели на СДСМ кои може да направат обид да формираат влада, а ако не успеаат дури и на ДУИ бидејќи секој може да состави парламентарно мнозинство.
- Деновиве се спомнува само примерот кога претседателот Киро Глигоров два пати по ред им го даде мандатот на СДСМ. Не знам зошто се премолчува уште подрастичниот пример на кршење на Уставот од 1990 кога Киро Глигоров воопшто не го ни даде мандатот на победничката партија. Имено, тој побара четири кандидати за премиери,скоро два месеца ја блокираше Македонија и на крајот мандатот го даде на свој персонален кандидат господинот Никола Кљусев.
Така што не можам да не консатирам дека сите можни прекрашувања на Уставот ги има промовирано СДСМ. Пишувачите на Уставот и недореченоста на член 90 исто така е од СДСМ, дали од неписменост или е подметната за игри во времето кога беа мнозинство.Така и тука нема на кого да се лутат.
Но, независно од горе наведените факти има нешто се нарекува дух на европската демократија, незабранета уставна логика која функционира во парламентарната практика. Според неа, мандатот треба да го добие СДСМ, а ако не успее, најмалку уште и ДУИ. Во спротивно предвремените парламентарни избори ја губат смислата, прво треба да го менуваме Уставот па да одиме на избори, напиша Георгиевски на својот профил на Фејсбук.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието




