27 Декември, 2024
0.0295

Љубчо Георгиевски за РСЕ: Сакав да го решам проблемот со името, ама од СДСМ не ми дозволија

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Љубчо Георгиевски, поранешниот премиер на Македонија, откри нова пикантерија во најновото интервју за Радио Слободна Европа, велејќи дека своевремено сакал да го реши пробемот со името со Грција и потегнал иницијатива, но наишол на жесток отпор од тогаш опозициската СДСМ.

- Сакам да потсетам дека јас сум политичар кој прв го отвори ова прашање, храбро на начин како што денеска го решава господинот Заев. Ќе потсетам дека уште во 2000 година, кога бев премиер, имаше обид со господинот Симитис токму тоа име Северна и Горна Македонија да го решиме проблемот. За среќа тоа беше само за меѓународна употреба, не требаше да биде за внатрешна употреба и не можам да не спомнам дека главни противници беа тогашното раководство на СДСМ и новинарите кои беа околу тогашното раководство на СДСМ.

Како иронија на историјата и на судбината сега тие што тогаш не ми дозволија јас да го решам, самите го решаваат и тоа на многу потежок начин. Јас како политичар имам една консеквентност во минатите 15-20 години по тоа прашање и навистина секогаш сум го потенцирал тој дел дека тоа не е ништо трагично, дека тоа нема никаква врска со идентитетот и оние кои сакаат да ја однесат дискусијата во тој правец и барем во 10 интервјуа сум кажал дека е дојде тој ден кога ќе мора ние да го решиме тој проблем. Мене ми е мило што денеска таа иницијатива ја води господинот Заев и ќе ми биде жал ако пропадне затоа што навистина тоа прашање ќе остане во наредните децении повторно затворено, а она што е најинтересно ние ништо не сме решиле ако пропадне, значи ние ќе си останеме БЈРМ и сите колективно ќе глумиме дека гледаме дека не сме БЈРМ, а фактите го зборуваат дека три децении веќе живееме со тоа име - вели Георгиевски.

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што претходната власт имала прилика да постигне подобар договор, но не реагирала бидејќи, како што вели, да си задржи пет проценти повисок рејтинг кај своите гласачи. Додаде дека најтежок сегмент за прифаќање од Спогодбата од Преспа, иако го поддржува договорот, е промената на името за внатрешна употреба.

- Ако беше само за меѓународна употреба, тоа навистина ќе беше идеален компромис. Мене ми е жал што многу политичари во Македонија, вклучувајќи ме и мене, наидувајќи на мал отпор од опозицијата и на одредени медиумски кругови, ретерираат кога правеа обиди, кога сакаа да го решат проблемот. А некои па и не сакаа, да речеме претходната власт 11 години немаше намера ништо да реши. Ако добро ги сфаќам овие пораки коишто доаѓаат од опозиционерите на овој договор, велат да беше само за меѓународна употреба ќе го прифателе и тие, па 11 години правеа проблеми и од тоа кога беше само за меѓународна употреба. Тука се поставува прашањето што е патриотизмот? Јас деновиве слушам еден поранешен премиер и еден поранешен министер за надворешни работи кои велат дека тие одбиле подобар договор отколку сега овој што е потпишан од Заев и од Димитров. Сега јас го поставувам прашањето, тоа ли е патриотизмот – да сте имале подобар договор за Македонија, а заради својот личен комодитет или заради пет проценти плус рејтинг да не прифатите подобар договор за Македонија. Јас сметам дека тоа е негативна референца за некој политичар.

Ова за внатрешна употреба повеќе ја доживувам како една иритација од аспект што еве сега можеби Грците не начекаат во тесно или сфатија дека владата мора да потпише и малку бараа преку леб погача и сметам дека во тој дел не можам да кажам дека Договорот е идеален, меѓутоа повторно сакам да потенцирам дека не значи задирање во идентитетските прашања, затоа што идентитетските прашања, како што ни е објаснето и од она што можеме да го видиме во Договорот, и кај јазикот и кај националното изјаснување е зачувано. А сметам дека тоа беше една од најдолгите дискусии кога се отвораше тоа прашање - вели Георгиевски.

Додава дека ќе гласа „ЗА„ на референдумот затоа што не сака Македонија да биде ословувана како БЈРМ и дека земјата нема никогаш да се извлече од сивилото ако не се прифати преспанскиот договор.




Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор