27 Декември, 2024
0.0302

Љубчо Георгиевски за ВМРО-ДПМНЕ: Ставот не е толку лош, колку однесувањето на пратениците

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во изјава за Радио Слободна Европа вели дека однесувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои вчера масовно во број од дваесетина напишаа на Фејсбук дека нема да гласаат за уставни измени дури и референдумот да биде успешен, е многу полошо, отколку „неутралниот“ став на партијата пред изјаснувањето на 30 септември.

За поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ не е проблем тоа што опозициската партија ги повика граѓаните да гласаат по сопствено убедување, туку проблем е што во настапите на нејзини високи функционери има политика на бојкот на референдумот.

„Тука веќе настапува проблемот, затоа што тоа и не е баш создавање на слободна волја. Иако на крајот на краиштата сметам дека ВМРО-ДПМНЕ прави една погрешна политика. Што ќе се случи ако пропадне референдумот и еве ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, некој нив ќе им даде подобар договор од овој што сега го имаме. Мислам тоа е илузорна приказна, тоа е нешто што не постои во меѓународната политика. Значи ќе мора или истиот тој договор баш од меѓународен инат да ги принудат да го потпишат и да го спроведуваат или повторно ќе останеме без никаков договор во наредните три, четири децении и ќе објаснуваме колку големи патриоти сме биле“, вели Георгиевски.

РСЕ целосното интервју со Георгиевски ќе го емитува в недела.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор