ЛОНЧАР-ВЕЛКОВА: Есенската кошничка е корисна, но е краткотрајна
Објавено во: Економија 19 Септември, 2024
Есенската кошничка е корисна, но е краткотрајна.
Организација на потрошувачи на Македонија (ОПМ) не е вклучена во дискусијата за правењето на кошничките, со кои ќе се намалуваат цените на производите. Како што вели претседателката на Организација на потрошувачи на Македонија, Маријана Лончар -Велкова, мерката е корисна, но краткотрајна.
Законот за нефер трговски практики е многу важен да се примени. Лончар Велкова забележа дека со овој закон индиректно се заштитуваат потрошувачите, затоа што трговците ќе ги намалат маржите на 2.500 производи, коишто им ги набавуваат добавувачите и со тоа што нема да им наметнуваат други давачки.
„Тука е добро за потрошувачите, а ова е конкретна мерка за тие 100 производи“, изјави Лончар-Велкова.
Со мерката „Есенска потрошувачка кошничка“, која се очекува да биде донесена на следната владина седница, ќе бидат опфатени околу 100 производи како што се млекото, млечните производи, месото, шеќерот, брашното, маслото, зеленчукот, видовите овошје. Претходните години, власта ги замрзнуваше цените за да го заштити стандардот на граѓаните.foto freepik.com/aleksandarlittlewolf