Добивај вести на Viber
Турскиот сојуз на архитекти и инженери ја обвини владејачката Партија на правдата и развојот на премиерот Реџеп Тајип Ердоган за, како што велат, лов на вештерки, откако беше усвоен Закон со кој се намалуваат овластувањата на Сојузот.
Со ова Сојузот на коморите на архитекти и инженери кој има 423.000 експерти, го губи правото за одобрување на урбанистички проекти откако владејачката партија успеа да го протурка спорниот закон.
„АКП го усвои законот за да го ослабне Сојузот. Нема сомнеж дека овој закон е директно поврзан со движењето за зачувување на паркот Гези. Со тоа владејачката партија се обидува да го натера Сојузот да ја плати цената за тоа што се случи и почна лов на вештерки, за да создаде некаква илегална организација, која лесно може да се обвини за општонационалниот протест“, истакна претседателот на Сојузот на коморите на архитекти и инженери, Мехмет Соганци.
Турските архитекти беа помеѓу најгласните демонстранти кои се побунија против уривањето на паркот Гези во Истанбул.