Добивај вести на Viber
Поставувањето на штандот на Државна лотарија на Македонија во трговскиот центар Скопје Сити Мол се покажа како мошне успешна мисија. Ова место дефинитивно си ја заслужи ознаката „среќно место“, сметаат од Државната лотарија.
Освен приликата да се забувуваат играјќи ги игрите на среќа, посетителите на Скопје Сити Мол во изминатиов период можеа да ги добијат и сите детални инфомации врзани за игрите на среќа, а и да освојат убави добивки. По роденденскиот подарок кој беше обезбеден токму преку игрите на среќа на ДЛМ во Скопје Сити Мол пред некој ден, најновиот среќен играч стаса до убавата добивка од 50.000,00 денари.
Станува збор за младо вработено момче кое првпат одлучило да игра Инстант лотарија. Тој се одлучил да ја проба среќата со Инстант лозот 7ма Брзина, па купил дури 100 такви лоза од штандот на Државна лотарија на Македонија во Скопје Сити Мол. На еден од лозовите стрелката му ја покажала добивката од 50.000,00 денари.
Во Инстант лотаријата 7ма Брзина, доделени се 5те премии - автомобил Голф 7, има и двајца добитници на 100 илјади и уште еден кој освои 50 илјади денари. Инстант лотаријата СЕДМА БРЗИНА беше лансирана на 10ти јули минатата година, а на играчите на игрите на среќа им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до одличната понуда на добивки на чело со 10 автомобили ГОЛФ 7, обезбедени во соработка со Порше Македонија. Вкупниот број на добивки во новиот Инстант лоз на ДЛМ е 311.030, а вкупен фонд е 26.702.000 денари, со што секој трет лоз е добитен.
Лозот СЕДМА БРЗИНА содржи поле за игра, поделено на девет сегменти, прекриено со заштитен слој под кој се наоѓа стрелката и автомобилски брзинометар. Стрелката лесно го насочува играчот кон видот на добивката прекриена со заштитниот слој, додека пак на брзинометарот се испишани видовите на добивки и тоа од 0 до останатите добивки кои следат по раст, 40, 80....50.000, 100.000, заклучно со премијата ГОЛФ 7. Стрелката може да упатува само на еден вид на добивка. Доколку упатува кон 0, тогаш лозот е недобитен.
„Со цел повторно да бидеме поблиску до нашите играчи, штандот на Државна лотарија на Македонија од вчера носи среќа и забава на Пивофест во Прилеп“. соопштуваат од Државна лотарија.