,,LPP” модните брендови од централна и источна Европа ги отвораат своите први продавници во Ист Гејт Мол во Скопје
Објавено во: Мои пари 19 Февруари, 2021 09:47
Полската модна компанија и воедно реномиран моден бренд ,,LPP SA” ги отвора своите први продавници во Скопје во Ист Гејт Мол наесен годинава. ,,LPP SA” е групацијата која раководи со пет познати брендови: Reserved, Mohito, House, Cropp и Sinsay. Секој бренд е насочен кон различна целна група, нуди различен стил и претставува поинаков начин на изразување.

LPP SA е глобална компанија со присуство на 38 пазари (директно и со продажба преку интернет), има 1.800 продавници и повеќе од 24.000 вработени во Европа, Азија и Африка.
LPP SAе една од најбрзо растечките модни синџири во источна и централна Европа. Компанијата официјално котира на најразвиената берза во централна и источна Европа, берзата во Варшава, и тоа на индексот WIG20 - кругот на најсилните полски компании,а акциите на LPPSA се дел одпрестижната листа MSCI на ниво на Полска.

Олга Јосевска, Регионален менаџер на ,,LPP” за Северна Македонија, Албанија и Косово изјави: ,,Среќни сме што ги отвораме првите продавници во Северна Македонија, која е седма земја на балканскиот пазар во која ја нудиме нашата мода. Стилот и разновидноста на нашите колекции се одлично прифатени од страна на клиентите во овој дел на Европа. Веруваме дека клиентите во Северна Македонија, според интересот што го покажуваат за модна инспирација, ќе добијат многу можности да го пронајдат својот стил и да ја изразат својата исклучителност, благодарение на нашите пет брендови.

Н.Е. Амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, Војциех Тицињски, изјави: ,,Огромна чест е да се има водечкиот европски бренд од Гдањск во Северна Македонија, кое додава вредност на светскиот избор на брендови кој ќе го понуди најмодерниот трговски центар во Скопје, Ист Гејт Мол.”
Извршниот директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков подвлече дека присуството на LPP со целокупното портфолио на брендови ги носи најсвежите новости и најинтересните трендовиво модниот сегмент за жени, мажи и деца. Како една од најголемите меѓународни малопродажни синџири за облека, групацијата LPP со над 6.500м2 изнајмена површина, се позиционира како стратешки бренд на македонскиот моден пазар.



Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА




