23 Мај, 2024
0.0370

ЛУДОСТ: Каде се кријат Американците од потенцијален крај на светот?!

Објавено во: Стил 23 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Ако сте во САД, ако верувате дека се подготвува крај на светот и ако имате три милиони долари на располагање, можеби најдобриот начин да ги потрошите е со купување на „постпокалиптичен бункер“ од човекот кој се вика Лери Хол.

Како што пишува Скај Њуз, Хол се занимава со таканаречено „претприемништво за судниот ден“, со продажба на шосебно ипремени скривалишта за богатите Американци, кои веруваат дека човештвото наскоро ќе го снајде не баш пријатен крај.

Злобниците би рекле дека Хол заработува пари тргувајќи со страв и користејќи ја наивноста на луѓето, таканаречени „Преживувачи“ (кои се се побројни), но тој вели дека на своите клиенти им нуди единствена прилика.

„Ајде да погледнете како десега се покажа нашата власт. Како би ја оцениле работата на администрацијата во случаите на ураганите Кетрин и Сенди? Не би им дал баш некои сјајни оценки“ вели Хол.

Хол продава луксузни „стамбени единици за преживување“ со силоси за нуклеарна ракета изградена во Канзас во текот на Студената војна.

Луксузните апартмани се наоѓаат на 60 метри под земјата, околу нив се наоѓаат ѕидови од зајакнат бетон дебели повеќе од три метри, а се распоредени на осум катови.

Секој кат има околу 170 квадратни метри простор за живот, со модерен мебел, дизајнерски уредени кујни, врвни технолошки уреди, џакузи-кади, а наместо прозори тука се екрани со висока резолуција кои создаваат илузија дека надвор не се купишта земја туку убава природа.

Целиот силос може да собере околу 70 луѓе , а кога се затвори сите тие би можеле да живеат удобно (?) пет години со сопствено снабедевање на струја, вода и залихи на храна.

Еден кат е веќе распродаден, а Хол во големо работи на адаптација на вториот.

Одговорот на бројните можни критични ситуации е често одредено ниво на немири на улиците. Ова овде на луѓето барем им нуди некоја сигурност во квалитетот на животот“, рекол тој.

Во силосот се наоѓа рибник, култури кои се одгледуваат во посебни услови, тука е базенот, спа-центри, парк за домашни миленици, кино, и бројни простории за физичка активност.

Секако, безбедноста е на високо ниво, така што постои и посебна „главна соба“ која е поврзана со сигурносни системи и камери, кои се наоѓаат распрскани километри наоколу.

Предвидено е и вооружено обезбедвање, па постои и снајперско гнездо, како и две оклопни возила во подземните гаражи.

„Луѓето ќе одат од врата до врата и ќе ограбуваат. Ќе земаат се што сакаат, но кога ќе дојдат овде, тоа нема да биде можно“, вели Хол.

Ако сакате кат за да се осигурате, подгответе 3,1 милиони долари.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“