19 Декември, 2025
0.0411

„ЛУКОИЛ Македонија“ ја отвори својата 33-та бензинска станица во земјава

Објавено во: Мои пари 04 Ноември, 2021 12:37

Добивај вести на Viber

„ЛУКОИЛ Македонија“ ја отвори својата нова бензинска станица лоцирана на излезот од Куманово на регионалниот пат Опае – Слупчане. Модерната бензинска станица, која е 33-та за ЛУКОИЛ во земјава, се простира на површина од 3.721 м2 и e изградена според новиот корпоративен стил на компанијата. Таа е и повеќенаменски комплекс што во себе вклучува снабден маркет, простран паркинг за лесни и тешки товарни возила, кои ќе овозможат корисни услуги за сите посетители. Во неа ќе бидат вработени 12 лица, обучени според професионалните компаниски програми.

На новата бензинска станица потрошувачите ќе може да се снабдат со познатото брендирано гориво ЕКТО од ЛУКОИЛ, кое важи за најефикасно гориво на македонскиот пазар поради неговите перформанси што овозможуваат поголема моќност на моторот, побрз старт и намалена потрошувачка. На бензинската станица ќе биде достапен ТНГ-автоплин, како и масла од палетата на ЛУКОИЛ. Во согласност со корпоративните стандарди на ЛУКОИЛ, бензинската станица ќе понуди широк спектар на дополнителни услуги, меѓу кои безжичен интернет и други поволности за луѓето што транзитираат во овој регион.

„Со новата бензинска станица ја потврдуваме заложбата на нашата компанија во развој на мрежата во државата. Горди сме што успеавме да ја отвориме 33-та бензинска станица и да му обезбедиме на локалното население најефикасна и најквалитетна услуга. Оваа бензинска станица, како и останатите, ги следи светските трендови, новите критериуми и нуди висококвалитетни горива и ниво на услуги, со цел да им овозможиме врвно искуство на нашите потрошувачи“, изјави Андреј М. Куку, регионален управител на „ЛУКОИЛ Македонија“.

Денешното отворање на новата бензинска станица симболично се поклопува со големиот празник во Русија „Денот на народното единство“. „ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува со проширување на својата мрежа во државата и сега веќе брои вкупно 33 бензински станици преку кои обезбедува квалитетно гориво и врвни услуги. Бензинските станици на ЛУКОИЛ се протегаат низ целата територија на Македонија за да им овозможат на корисниците безгрижно движење и уживање на патиштата.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка