19 Декември, 2025
0.0517

ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА ЈА ОТВОРИ СВОЈАТА 34-ТА БЕНЗИНСКА СТАНИЦА ВО ЗЕМЈАВА

Објавено во: Мои пари 27 Декември, 2022 11:20

Добивај вести на Viber

„ЛУКОИЛ Македонија“ во соработка со партнерот „АВИА ОИЛ“ отвори нова бензинска станица, лоцирана  во Струга на ул. Туристичка бр.1,  на стариот пат на излез од Струга кон Охрид. Бензинската станица, која е 34-та за ЛУКОИЛ во земјава, се простира на површина од 2.309 м2 и e изградена според новиот корпоративен стил на компанијата. Таа е и повеќенаменски комплекс што во себе вклучува снабден маркет, простран паркинг за возила, кои ќе овозможат корисни услуги за сите посетители. Во неа ќе бидат вработени 13 лица, обучени според професионалните компаниски програми.

На новата бензинска станица потрошувачите ќе може да се снабдат со познатото брендирано гориво ЕКТО од ЛУКОИЛ, кое важи за најефикасно гориво на македонскиот пазар поради неговите перформанси што овозможуваат поголема моќност на моторот, побрз старт и намалена потрошувачка. На бензинската станица ќе биде достапен ТНГ-автоплин, како и масла од палетата на ЛУКОИЛ. Во согласност со корпоративните стандарди на ЛУКОИЛ, бензинската станица ќе понуди широк спектар на дополнителни услуги, меѓу кои безжичен интернет и други поволности за луѓето што транзитираат во овој регион.

„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува сопроширување на својата мрежа во државата и сега веќе брои вкупно 34 бензински станици преку кои обезбедува квалитетно гориво и врвни услуги. Бензинските станици на ЛУКОИЛ се протегаат низ целата територија на Македонија и им овозможуваат на корисниците безгрижно движење и уживање на патиштата.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција