Мачка се заразила со коронавирусот од сопствениците
Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Јули, 2020
Во Велика Британија, мачка е позитивна на коронавирус.
Independent пишува дека мачката е заразена од нејзините сопственици, кои биле позитивни на COVID-19.
Управителката на ветеринарната служба, Кристин Мидлмис, изјави дека станува збор за редок случај во кој мачка е заразена со коронавирус во Велика Британија.
Во меѓувреме сите оздравеле, дури и мачката и вирусот не е пренесен понатаму ниту на луѓе, ниту на животни, соопшти британската влада.
Британскиот институт за јавно здравје препорачува граѓаните редовно да ги мијат рацете пред и по контакт со животни.
Во однос на заразени животни досега симптомите биле благи, а домашните миленици оздравеле за неколку дена.
Научниците велат дека луѓето можат да заразат животни со вирусот, но не и обратно.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.