МАГЛА НА ДВА ПАТНИ ПРАВЦИ: Возачи внимавајте!
Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2017
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40 метри има на Попова Шапка и од 80 – 100 метри на планинскиот превој Стража, стои во извештајот на Авто мото сојузот на Македонија.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.