17 Декември, 2025
0.0370

Мајданпек четврти ден без струја – министерот за вонредни ситуации не гледа зошто да оди во овој град

Објавено во: Балкан 04 Декември, 2014 11:16

Добивај вести на Viber

Српскиот град Мајданпек веќе четврти ден е без струја и без греење, со што условите за живот во овој град стануваат неподносливи. Војската на Србија утрово таму однесе три агрегати со голема моќност, а работниците на српското Електростопанство работат непрекинато со цел да го отстранат големиот дефект на далекуводот заради кој во прекин е снабдувањето. Сепак, ова се уште не е причина за српскиот министер за вонредни ситуации Велимир Илиќ да го посети Мајданпек. Заради ова тој се соочува со многу критики во српската јавност. „Не можам да го поправам далекуводот, тоа нема врска со моите надлежности. Тоа се стручни работи и тука не можат да помогнат ниту војска, ниту полиција, затоа на терен е министерот за енергетика“, изјавил Илиќ. Градот синоќа на кратко доби струја, но веднаш потоа се случи нов дефект на далекуводот кој е окован во мраз. Никој не знае кога Мајданпек може да се надева на нормализирање на снабдувањето со електрична енергија. Во градот не работат училиштата и градинките, а болниците функционираат во вонредни услови на агрегати. Покрај струја, од понеделникот има прекини и во снабдувањето со вода и греењето.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата