19 Декември, 2025
0.0536

МАЈК ЗАФИРОВСКИ ПРЕДВОДЕШЕ АМЕРИКАНЦИ КОИ СЕ НА АЏИЛАК ВО ЗЕМЈАВА: Беа на средба кај Силјановска Давкова

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2025 21:14

Добивај вести на Viber

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими група американски државјани предводени од Мајк Зафировски, кои од денеска престојуваат на аџилак во земјава.

Изразувајќи огромна благодарност за приемот, истакнатите и угледни членови на американското општество ја запознаа претседателката со мотивот и инспирацијата за посетата на земјава, како една од нивните три дестинации за аџилак, покрај Грција и Турција, посочувајќи дека на Македонија гледаат како на духовна и културна ризница со богата традиција и историско наследство. 

Поздравувајќи го нивниот избор за аџилак, Сиљановска-Давкова им посака успех и изрази уверување дека ќе понесат незаборавни спомени и впечатоци од автентичноста на земјава и особено од Охрид, како дел од библискиот и цивилизациски мозаик. Како припадници на Епископалната црква, којашто ужива голем углед во американското општество, претседателката верува дека со нивната мисија, спознавање на различностите и промовирајќи мир и верба, ќе придонесат за зајакнување на вредностите на солидарност, толеранција и духовно единство.

Сиљановска-Давкова укажа на важната улога на македонската дијаспора во градењето на блиски врски меѓу американското и македонското општество, како додадена вредност на нашето стратешко партнерство со САД.

Таа упати благодарност до Мајк Зафировски за постојаните врски со татковината, заложбите преку „Македонија 2025“ за афирмација и промоција на земјава и посветеноста на проектите коишто го потикнуваат растот на македонската економија.

Соговорниците разменија мислења за актуелните состојби во светот и ги слушнаа ставовите на претседателката за глобалните предизвици и проблемите со кои се соочува државава во однос на надворешната политика.


Можеби ќе ве интересира

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата