19 Декември, 2025
0.4175

Мајкрософт – ден на мобилни уреди

Објавено во: Мои пари 25 Март, 2014 15:08

Добивај вести на Viber

Во Музејот на Македонската Борба, Microsoft дооел Скопје заедно со своите партнери и дистрибутери денеска ги презентираа новитетите на мобилните уреди кои работат на Windows платформа, кои целосно се интегрираат во работното опкружување на корисниците, нудејќи им ја мобилноста на уредите заедно со безбедноста и интеграцијата на Microsoft платформата. Беа претставени, дискутирани и демонстрирани новите мобилни уреди со екрани чувствителни на допир кои се достапни на нашиот пазар, кои се тенки и лесни, а истовремено мобилни и сигурни, придружени со избор од модерни апликации креирани за повеќе бизниси: јавен сектор, финансиски сектор, образование, здравствен сектор, итн. Денешната свесност насочена кон мобилноста изгледа сосема поинаку од пејсажот на компјутерски компании од минатото. Наместо мобилните уреди да се прилагодуваат на традиционалниот начин на работа, организациите сега имаат можност да се ориентираат околу мобилноста со Windows 8.1 креирајќи бизнис сценарија кои што отвoраат нови можности, овозможуваат подобри кориснички искуства, заедно со зголемена колаборација со своите вработени и клиенти. Не толку одамна, мобилноста значеше пишување на меил од дома  или преку мобилниот телефон, без големи очекувања за пристап од било каде, било кога до критичните работни апликации и бизнис податоци. Со зголеменото присуство на мобилните уреди на работните места, се отвора простор за поинаква визија за мобилноста на вработените, беше истакнато на презентацијата. Новите мобилни уреди даваат уште поголема слобода во изборот на мобилната канцеларија, нудат искуства кои овозможуваат поголема ефикасност во работата, брзина во донесувањето на одлуките и поврзаност каква што предходно не било возможно да се замисли. Нашата цел е да понудиме искуства и уреди кои вработените ги сакаат и очекуваат и истовремено да овозможиме решенија на ниво на компанија. Имајќи го 37 годишното искуство опслужувајќи ги корсиниците во трите сегменти - потрошувачи, мали и средни бизниси и големи организации и копрорации, Microsoft е единствен вендор во индустријата денес кој има визија и знаење да ги разбере единствените потреби како на потрошувачите така и на големите организации и да го понуди тоа единствено искуство на сите платформи базирани на Windows 8 технологијата (мобилни телефони, таблети, преносни компјутери, десктоп компјутери и нови уреди кои се развиваат). Како силна потврда за одлучноста за имплементација на нашата нова стратегија, во Септември објавивме дека Мајкрософт го купува Devices and Services бизнисот на Нокиа вклучувајќи ги паметните телефони, вревен тим на дизајнери и инжињери, производните капацитети ширум светот, како и тимот за маркетинг, продажба и поддршка”, изјави Стефан Плавјански Генерален Директор на Мајкрософт во Македонија. Станува збор за долгорочен стратешки пристап кој е поткрепен со зголемувањето на бројот на уреди по потрошувач и со појавата на новата дигитална работна генерација што доведе до поголеми очекувања од корисниците на технологии на нивните работни места. Бројот на работници кои се достапни со информации во секое време, и кои користат три или повеќе уреди, кои работат од повеќе локации и користат многу апликации на светско ниво се зголеми од 23 % од глобалната работна сила во 2011 година на 29% во 2012 година. Според истражувањето на Forrester бројот на таблети во употреба на работа и дома се очекува тројно да се зголеми  до 2017 година, на 905.000.000 уреди, а дека работата во секое време и од  секаде е тренд кој туку што почнал да се развива.  

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција