05 Декември, 2025
0.0453

МАЈСКИ ПАД НА ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ: Состојбата на девизниот пазар – под лупа на НБМ!

Објавено во: Финансии 11 Јуни, 2015 09:30

Добивај вести на Viber

За еден месец, или од крајот на април до крајот на мај, девизните резерви се намалија за скоро 16 милиони евра. Новите податоци на Народната банка покажуваат дека на крајот од петтиот месеце од годинава, девизните резерви изнесуваат 2 238 500 евра, додека на крајот од април, салдото било 2 344 300 евра. Анализата на структурата на девизните резерви во мај покажува намалување кај резрвите во хартии од вредност и кај вредноста на монетарното злато. И со ова ниво, според оценките на Народната банка, девизните резерви се оддржуваат на адекватно ниво. Народната Банка информира дека во изминатиот период на девизниот пазар НБМ интервенирала со продажба на девизи поради исплатата на дивиденди во овој период од годината. “Согласно со последните расположливи податоци, во периодот април - јуни 2015 година девизните резерви забележаа намалување, како што и се очекуваше во рамки на априлските проекции. На девизниот пазар НБРМ интервенира со мала продажба на девизи, што беше очекувано со оглед на исплатата на дивидендите кон странските акционери, што е вообичаено во овој период од годината“, соопшти НБМ. Но и во последниот извештај Народната Банка  прогнзоираше дека во периодот што следува може да се очекува натамошно намалување на девизните резерви. Имено, иако очекувањата за оваа и следната година остануваат оптмистички во однос на економскиот раст, НБМ сепак упатува на тоа дека до година ќе се зголеми дефицитот на тековната сметка и ќе има намалување на девизните резерви. Според прогнозите, во 2016 та година дефицитот на тековната сметка ќе изнесува 3,1%. Влошување се очекува и кај дефицитот во размената на стоки и услуги, кој догодина ќе достигне 16,8%. “Финансирањето на тековната сметка во периодот 2015-2016 година, се очекува во најголем дел да се покрие преку странски директни инвестиции и задолжување на јавниот сектор во странство на долг рок“, се посочува во анализата и се додава: “Во периодот 2015-2016 година се очекува повисокиот дефицит на тековната сметка во однос на финансиски текови да доведе до благ падна девизните резерви. И покрај ова, во текот на целиот период на проекции показателите за адекватност на девизните резерви се одржуваат во сигурната зона“. По вчерашното заседавање на Комитетот за оперативна монетарна политика беше соопштено дека Народната банка  во следниот период главно ќе биде насочена на следење на остварувањето на проектираната патека на девизните резерви и случувањата на девизниот пазар и ќе ја приспособува монетарната политика соодветно на тоа. Според последните мерења што ги пренесуваат регионалните медиуми, Србија со 17,4 тони злато е лидер на Балканот според вредноста на златните резерви а со 6,8 тони злато, зад неа е Македонија. Потоа следуваат Босна и Херцеговина, Словенија, Грција и Бугарија. Хрватска пак воопшто не располага со девизни резерви во злато.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката