МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ПАТРИОТИ ШТО СУМ ГИ ЗАПОЗНАЛА - Сипхокази од Јужноафриканската Република за бракот со Дарко
Објавено во: Македонија 21 Јули, 2022 12:28
Македонците се најголемите патриоти што сум ги запознала, вели Сипхокази Трпкоски од Јужноафриканската Република.
Таа има 34 години и веќе неколку години живее во Македонија, во хармоничен брак со 38 годишниот фитнес инструктор Дарко Трпкоски од Скопје.
Се запознале на работа на брод, имале врска на далечина, а од 2015 се во официјален брак. Среќни родители се на осуммесечниот Микаел.

„Се запознавме додека работевме на крстаречките бродови на Карибите. Мојата сопруга е од Јужноафриканската Република и нејзиното име Сипхокази Трпкоски. Ние нашата врска ја започнавме во 2015 и се венчавме во Јужноафриканската Република наредната година. Нашата врска на почетокот беше на далечина - мојата сопруга во Јужна Африка, а јас во Македонија додека се обидувавме да ги средиме визите и каде ќе се сместиме. Во 2018 решивме да дојдеме да живееме во Македонија и овде сме се до денес“, ни го раскажува Дарко почетокот на оваа несекојдневна љубовна приказна.

„Сипхокази започна со блогот на Јутујб кога се преселивме во Македонија. Целта ни беше да се документира нејзиното искуство, да се покаже Македонската култура и слично, па после го преименувавме во Фамилијарен канал каде што многу луѓе почнаа да уживаат гледајки нѐ заедно. Сакаме да растеме и да покажеме повеќе од Македонија и Јужна Африка, да им помогнеме на луѓето да научат повеќе за интернационалните врски преку нашето искуство кое што го споделуваме на Каналот“.
Како што споменавме, Дарко и Сипхокази се родители на 8 месечно бебе. За малиот Микаел Тхандо Трпкоски се грижат сами околу обврските, а за нив тоа е интересно и прекрасно искуство, на моменти и тешко.

Сипхокази никогаш не претпоставувала дека судбината ќе ја донесе да живее во Македонија. Почетокот ѝ бил тежок поради јазичната бариеа како и расистичките моменти, но семејството на сопругот одлично ја прифатило.
„Никогаш не сум ни помислила дека ќе живеам во Македонија, никогаш не било во мој план. Родителите на мојот сопруг и пријателите ме прифатија одлично од првиот момент кога се сретнавме.
Повеќе детали на Женски магазинМожеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




