19 Декември, 2025
0.0514

Македонија денеска го започнува скринингот за поглавјето 24

Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2018 08:41

Добивај вести на Viber

Организираниот криминал и корупција во Македонија од денеска ќе се „скенира“ од ЕУ во Брисел, каде што нашата земја го започнува подготвителниот скрининг за Поглавјето 24 насловен „Правда, слобода и безбедност“.

Состанокот ќе трае три дена, за време на кои експертските тимови ќе ги чешлаат седумдесетте страници од европското законодавство (acquis communautaire/аки) посветен на овие теми. Дипломатски извори за МИА објаснуваат дека станува збор за обемна област, во која се дискутираат низа различни теми, како азил, миграција, и низа граѓански и кривични материи.

-Техничкото објаснување на аки-то за поглавјето 24 ќе се одржи од 12 до 14 ноември во Брисел за да ги запознае земјите со законодавството и стандардите на ЕУ во овие области, изјави за МИА портпаролката Маја Коцијанчич.

Таа потсетува дека Европската Комисија ја започна потребна подготвителна работа и “ќе продолжи да ја поддржува Поранешната југословенска република Македонија во нејзините напори да постигне опипливи и одржливи резултати посебно во борбата против корупцијата и организираниот криминал, области кои имаат важен импакт врз животите на граѓаните“, рече Коцијанчич.

До крајот на оваа година треба да се одржат ушти три скрининг состаноци за поглавјата 3 (слобода на услуги), 5 (јавни набавки) и 32 (финансиска контрола).

Вицепремиерот Бујар Османи ќе го претстави Планот 18 со кој стартуваат суштинските реформи потребни за интеграција на Македонија во ЕУ. 

- Фокусирани сме на четири поглавја, тоа се – правосудство, безбедносни служби, администрација и борба против организиран криминал и корупција. Тоа што е различно квалитативно во однос на Планот 3-6-9 се два моменти, односно две колони коишто се додадени на планот. Првото се таканаречените индикатори за реализација, односно врз основа на што ние ќе процениме дека е успешна реализацијата на мерките коишто се донесени во планот, но исто така многу важна, исклучително важна колона е таканареченото следење, односно што конкретно се сменило во секојдневното живеење за граѓаните од донесување на тие мерки. Дали во судовите има различен однос кон граѓаните? Дали јавната администрација е деполитизирана? Дали безбедносните служби се деполитизирани, се ефикасни или дали има конкретни резултати во борбата против организираниот криминал и корупцијата? И мислам дека со тоа додаваме додатна вредност. Тоа е важно за нашите граѓаните, затоа што пред сè реформите ги правиме заради нив. Тоа се барања на ЕУ, но користа од тие реформи ќе ја имаат граѓаните, но и да ги убедиме земјите членки дека покрај тоа што носиме закони, ние всушност имаме конкретни резултати. Притоа ние не се амбицираме дека од утре Македонија ќе ја направиме европска, туку ако секој нареден ден ни е подобар од претходниот, во смисла на конкретни резултати, ние имаме добар тренд на трансформација на државата и оттука го сметам Планот 18 за суштински да ни обезбеди датум во јуни - изјави Османи во разговор за Радио Слободна Европа.

Македонската делегација во Брисел ја предводи вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во својство на главен преговарач  и шеф на државната делегација за преговори со ЕУ.

Како што информираат од кабинетот на вицепремиерот, за време на посетата, Османи ќе одржи и неформален брифинг со претставници на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан (КОВЕБ), каде ќе биде претставен и Планот 18, а ќе оствари и работна седба со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан



Можеби ќе ве интересира

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите