„МАКЕДОНИЈА ГО ДОБИ ПРИЗНАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ И ЈАЗИК СО ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Димитров за последните случувања со Бугарија
Објавено во: Македонија 15 Јули, 2025 13:50
На Сими Симпозиумот што се одржува во соседна Грција, поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, рече дека ЕУ ја губи својата суштина кога ги напушта принципите што ја дефинираат.
Тој истакна дека Европа мора да биде доследен и принципиелен партнер што испорачува и што е гласен кога се прават неправди и се прекршува меѓународното право.
Зборувајќи за ситуацијата со Македонија и последните случувања, тој истакна дека тоа што Македонија успеала да го обезбеди преку Преспанскиот договор, мислејќи на признавањето на македонскиот идентитет и јазик, кое денес е доведено во прашање.
„ЕУ дозволи тоа што ни беше најважно, и што Грција го прифати – дека сме Македонци кои зборуваат македонски – сега да биде нападнато од Бугарија. Бугарија го грабна ветото со гордост, откако тоа прво го направи Франција. Наместо да зборуваме за реформи, заглавени сме со прашања од минатиот век, со наратив што е недозволив за Европа во 21 век“, порача Димитров.
Можеби ќе ве интересира
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата




