МАКЕДОНИЈА ГО ДОБИВА ШЕСТИОТ ГУВЕРНЕР, БЕЖОСКА ЌЕ МУ ГО ПРЕДАДЕ НА СЛАВЕСКИ КОРМИЛОТО НА НБМ - каква монетарна политика ќе води професорот и поранешен министер
Објавено во: Финансии 30 Мај, 2025 11:29
Денеска во Народната банка функцијата гувернер на Народната банка ќе ја преземе Трајко Славески, од својата претходничка Анита Ангеловска Бежоска, која успешно ја водеше монетарната власт во земјава во изминативе седум години.
Трајко Славески е шестиот гувернер на Народната банка, од осамостојувањето на земјава во 1992 година.
Чисто за потсетување, досегашни гувернери на земјава беа Борко Станоевски, од 1992 до 1997 година, потоа професорот Љубе Трпески, од 1997 до 2004 година, Петар Гошев, кој со првата монетарна куќа раководеше од 2004 до 2011 година, по него дојде Димитар Богов, од 2011 до 2018 година, и последната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, од 2018 до 2025 година.
Славески вчера во Собранието даде свечена изјава пред претседателот на законодавниот дом Африм Гаши, откако завчера пред полноќ со 68 пратенички гласови беше изгласан за нов гувернер на Народна банка. Новинарите го очекуваа со еден куп прашања веднаш по неговата свечена изјава, а особено се интересираа дали централната банка ќе продолжи да ја води политиката на стабилен и фиксен девизен курс. Тој им одговори дека ќе ја оправда довербата, а оние кои имаат некакви забелешки ќе ги убеди во спортивното, дека Народна банка била и ќе остане независна институција. Според него, централната банка треба да се фокусира на трите основни цели, а тоа се ниска и стабилна инфлација односно ценовна стабилност, финансиска стабилност и поддршка на политиките на Владата. Додаде дека очекувањата на јавноста се дека ќе има стабилен девизен курс, но дека тој како професионален економист го следи и реалниот девизен курс. „Очекувањата на јавноста се дека ќе има стабилен девизен курс, но овде сакам да кажам една работа пошироката јавност е фокусирана на она што се нарекува номинален девизен курс, кој очекуваме да биде фиксиран, но јас како професионален економист го следам и реалниот девизен курс кој зависи од односот на нашите домашните цени и цените со нашите трговски партнери пред се оние во еврозоната. За жал во изминатиот период особено по 2022 година имаме значителна реална прецијација на реалниот девизен курс, а тоа се должи на високата инфлација кај нас, која беше повисока во просек од онаа во еврозоната. Реалниот девизен курс на денарот од 2002 година ноември до јануари од оваа година е зајакнат за 5,4 проценти во однос на сите трговски партнери, а во однос на еврото денарот има апресирано цели 9 проценти“, изјави Трајковски. Појасни дека тоа значи губење на конкурентноста на македонската економија. „Ако е преценета вредноста со ниска инфлација во рамките на таа од еврозоната со тек на времето, ќе се испеглаат тие разлики“, нагласи Славески. „Не, напротив, фиксниот девизен курс останува, дај боже во догледно време Македонија да стане членка на Европската унија и да го воведеме еврото како национална валута“, објасни Славески.„Република Македонија станува поскапа за нашите трговски партнери тоа го погодува извозот, еве ни претстои туристичка сезона во нашите туристички центри имаме и откажувања на аранжмани со изговор од агенциите од странство дека Република Македонија станала релативно скапа земја. Ова значи дека ќе треба инфлацијата, стапката на инфлација да ја држиме во рамки на онаа во еврозоната. Тоа што имавме стабилен фиксен девизен курс изминатиов период се должеше на една единствена причина, нашата стапка на инфлација беше во рамкиите на онаа во еврозоната со која е врзан денарот“, смета тој.
На прашањето дали ќе биде воведен флексибилен девизен курс рече дека во никој случај нема да се случи тоа.
Во неговата биографија е фактографирано дека тој е истакнат македонски економист, универзитетски професор и политичар со богата академска и јавна кариера. Славески е роден на 22 септември 1960 година, во Охрид. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1983 година. Магистрирал во 1988 година, а докторирал во 1997 година на истиот факултет. Постдипломски студии завршил на Калифорнискиот државен универзитет (1986/87) и на Универзитетот Харвард (1989/90) како стипендист. Во 1997 година бил визитинг-професор на Државниот универзитет во Аризона, САД. Од 1999 до 2006 година предавал на последипломскиот студиум „South Eastern European Studies“ на Националниот и Каподистриски универзитет во Атина, Грција. Како професор, Славески предава предмети како макроекономија и државна регулација. Автор е или коавтор на шест книги и бројни научни трудови објавени во земјата и странство, фокусирани на приватизацијата, економското преструктуирање, економскиот раст и развој, финансии и социјалните функции на државата.
Во 1992 година, како советник на министерот за развој, Славески беше еден од авторите на Антиинфлаторната програма, донесена заедно со чинот на монетарното осамостојување на Република Македонија. Во периодот 1999–2000 година, Славески беше министер за развој во Владата на Република Македонија. Од 22 август 2006 до 8 јули 2009 година, тој ја извршуваше функцијата министер за финансии. Од април 2005 до август 2006 година беше член на Советот на град Скопје. Во ноември 2021 година беше избран за претседател на Советот на Град Скопје.
Неговите истражувачки интереси вклучуваат микроекономија, макроекономија, политичка економија на транзицијата и приватизацијата, бизнис и влада, монетарна и фискална политика, економски и социјални функции на државата, економика на трудот, економика на корупцијата и организираниот криминал. Трајко Славески е член на неколку меѓународни истражувачки мрежи и претседател на извршниот одбор на невладината организација Асоцијација за модерна економија (АМЕ) со седиште во Скопје и Тетово.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





