05 Декември, 2025
0.2089

Македонија издаде еврообврзница – се задолжи половина милијарда евра!

Објавено во: Финансии 17 Јули, 2014 20:20

Добивај вести на Viber

Македонија издаде еврообврзница со која се задолжи со 500 милиони евра, објави Министерството за финансии попладнево. Каматната стапка за враќање на позајмените средства ќе биде 3,97 проценти на годишно ниво со рок на отплата од 7 години. Од Министерството информираат дека на меѓународниот пазар имало голем интерес за македонските еврообврзници, но не се прецизира од каде се обезбедени позајмените половина милијарда евра. „Побарувачката од инвеститорите за македонската обврзница беше во износ од 1.160 милиони евра, односно двојно повисока од понудата. Тоа овозможи да се постигне стапка на принос од 4,25%, односно каматна стапка од 3,97% на годишно ниво. Тоа е историски најниска каматна стапка по која Македонија има издадено обврзница на меѓународниот пазар на капитал“, се додава во соопштението од ресорното Министерство. Владата денеска побара од медиумите да не се објавуваат детали и „инсајдерски информации“ околу износот на еврообврзницата, иако тој бил усвоен на владина седница уште минатата недела. Според премиерот Груевски, на Владата во овој момент не и било неопходно задолжување, но биле искористени поволните услови на пазарот, а парите ќе се трошеле главно за покривање на стари доспеани обврски догодина. Спооред Министерството за финансии, пак, целта на издавањето на еврообврзницата ќе биде „финансирање на буџетските потреби за оваа и за следната година, како и исплата на достасани обврски и обврски кои ќе стасаат во наредниот период“. Ова беше третата еврообврзница што ја понуди Македонија, но со најголем износ на позајмени пари досега. Првата со камата од 4.6% беше издадена во 2005-та кога министер за финансии беше Никола Поповски. Овие 150 милиони евра за враќање доспеваат догодина, за што делумно ќе бидат потрошени и сега земените пари. Втората со камата од 9.8% беше понудена во 2009-та, во времето на Трајко Славески, а 175-те милиони евра беа вратени лани во јануари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката