05 Декември, 2025
0.0442

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОТПИШЕ ДОГОВОР ЗА ЗАЕМ ОД ЕУ – станува збор за ветените пари за Западен Балкан, еве колку добиваме како грант

Објавено во: Финансии 27 Декември, 2024 07:38

Добивај вести на Viber

Македонија ќе потпише договор за заем со Европската унија со кој согласно планот на ЕУ за раст на Западен Балкан ќе добиеме над 750 илјади евра. Станува збор за финансиски инструмент за реформи и раст на Западен Балкан, а за нивно искористување во Собранието веќе е испратен Предлог закон за задолжување на Македонија со заем кај Европската Унија по Договор за заем за Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан.

Како што беше веќе споделено со јавноста, целиот Западен Балкан добива 6 милијарди евра, кои се распределни меѓу земјите од Западен Балкан според формула базирана на висина на БДП и број на население.

-  Македонија со целосно спроведување на реформите од Реформската агенда ќе добие 750.354.553 евра во периодот 2024-2027 година, од кои 535.012.159 евра заем и 215.342.394 евра грант. Од нив 349.095.433 евра заем се наменети за буџетска поддршка, а 185.916.725 евра заем и 215.342.394 евра грант се наменети за инвестициски проекти. Најмалку 37 отсто од грантот ќе бидат наменети за климатски цели. Сите повлечени средства од заемот ќе се отплаќаат најдоцна 40 години од датумот на потпишување на Договорoт за заем со вклучен грејс период до 10 години– се наведува предлог законот доставен во Собранието.

Предлагач на овој закон е министерството за финансии, и се бара истиот да се донесе по скратена постапка.

Притоа се посочува дека целта на овој заем е предвидените мерки во рамки на Реформската агенда 2024-2027 да ѝ овозможат на нашата земја да напредува во областа на владеењето на правото, да ја зголеми ефикасноста на јавната администрација и судството, да ги подобри јавните услуги, да ја зголеми продуктивноста и да создаде нови работни места, како и напредок во дигитализацијата и зелената транзиција.

-  Спроведувањето на мерките ќе придонесе за зајакнување на капацитетите на земјата да одговори на шокови, да ја одржи макроекономската стабилност и да постигне одржлив и инклузивен раст. Основно начело на законот е обезбедување средства за директна буџетска поддршка и средства за поддршка за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за западен Балкан (ИРЗБ) согласно одредбите од Договорот за заем и важечките закони– се потенцира во законот.

Нашата земја, односно Министерството за финансии и Европската унија ќе склучат Договор за заем. Заемот во износ од 535.012.159 милиони евра Македонија ќе го отплаќа од Буџетот. Средствата ќе се повлекуваат на рати. Последното Барање за повлекување на средства од заемот може да се поднесе до 30 септември 2027 година.

За секоја исплата на рата или транша од заемот Европската комисија ќе издаде Потврда за прифаќање, во која ќе бидат утврдени конечните услови, меѓу кои износ на главница, нето-износ на исплата, датум на исплата, датум на доспевање, датуми на плаќање камата, прв датум на плаќање камата, датуми на доспевање и каматен период.

-  Сите повлечени средства ќе се отплаќаат најдоцна 40 години од датумот на потпишување на Договорoт за заем со вклучен грејс период до 10 години. Отплатата на износот на главницата од повлечените средства започнува од 2034 година и се распределува рамномерно на еднакви отплати во текот на преостанатиот период на доспевање на повлечените средства. Предуслов за склучување на горенаведениот договор со Европската унија е усвојување на Законот за задолжување на Македонија со заем кај Европската Унија по Договор за заем за Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан– се нагласува во документот доставен пред пратениците.

Во законот е истакнато дека „поради итноста на потребата за склучување на Договорот за заем, овој закон треба да влезе во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

П.О.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката