Македонија ќе привлекува „активни“ туристи од Лондон
Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2017 21:12
Агенцијата за промоција на туризмот на Конференцијата за активен туризам и бизнис во Лондон ги претставува атрактивните можности за посета на Македонија. Активниот туризам е нов вид на патување кое се разликува од традиционалниот мирен туризам на плажа во ресорти или приватно сместување, а посетителите очекуваат различни содржини од земјата која ја посетуваат, што Македонија има потенцијал да го понуди.
На конференцијата се присутни околу 200 учесници: излагачи, туроператори и медиуми кои ги дискутираат предизвиците и трендовите на оваа брзо растечка гранка на туризам.
„Особено значајно е што на средбите дојдоа туроператори кои изразија интерес во Македонија да носат туристи директно, во непосреден контакт со македонски ДМЦ агенти,а не со посредство на агенции од соседството како што беше случај до сега. Фактот дека Лондон и Скопје се директно поврзани градови со летовите на Визз Аир е од особено значење за овој вид на туризам“ изјави Лела Крстевска, Директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризам.
Интерес за состаноци со претставниците на АППТРМ покажаа 13 Британски тур-оператори кои ќе ја вклучат Македонија во своите програми веќе од летото 2017.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




