Македонија ќе се вклучи во заедничка набавка на лекот Ремдесивир
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 26 Јуни, 2020
Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, на видео средбата на иницијатива на еврокомесарот Оливер Вархеј и министрите за надворешни работи, разговарал и за помош за справување со пандемијата.
„Разговаравме за евентуална поддршка и помош. Тоа е тоа што ни треба и во консултација со Венко одлучивме нашата држава, Северна Македонија, да биде дел од заедничката набавка на Европската Унија на првиот лек што се одобри од регулаторното тело на Европската Унија за лекови. Лекот се вика Ремдесивир и е добар, според регулаторното тело и клиничките испитувања, за посебно потешко погодените пациенти. Комесарот исто така, би сакал за тоа јавно да му се заблагодарам, најави дека ако некаде во земја-членка има залиха ќе се обиде да ни помага да добиеме што е можно побрзо доволна количина од овој лек“, соопшти Димитров.
Европската агенција за лекови препорача одобрување на лекот ремдесивир за пациенти со коронавирус.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.