27 Октомври, 2024
0.0273

„Македонија може да живее од транзит на гас и транспорт преку железница“: Николоски за конекциите со соседите и изградбата на патиштата

Објавено во: Економија 25 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Гасниот интерконектор со Грција и брзата пруга се проекти приоритет број еден бидејќи Македонија може сериозно да се развива само од наплатата на транзит на гас и транспорт по брза пруга, истакна министерот Николоски во телевизиско гостување.

Тој потенцира дека тендерот за изградба на интерконекторот е распишан пред една недела, роковите се кратки и веќе во ноември треба да стигнат понудите.

- Можеме за две до три години да го изградиме тој интерконектор. Ќе имаме гасно поврзување од Александрополус преку Солун, Гевгелија, Скопје се до Куманово, со што ќе ја намалиме зависноста од рускиот гас бидејќи сега гас стигнува само од Бугарија чиј сопственик е Гаспром. Со Србија потпишавме меморандум за разбирање за изградба на интерконектор со Србија. Ние сме стигнати до границата, а тие до Ниш и треба да се спуштат надолу. Тоа значи дека преку Македонија може да стигне најголем дел од гасот кој што ќе се користи во Централна Европа. И затоа треба да бидеме паменти, Македонија може да живее само од транзит на гас и транспорт преку железница - потенцираше Николоски. 

Во однос на проектот за изградба на 400 - киловолтниот далновод Охрид-Елбасан и поврзувањето со Албанија, министерот истакна дека се разгледуваат две опции со ЕБРД во насока на прекинување или реобјава на овој проект, додавајќи дека Владата е посветена во следните години и тој да биде изграден.

Николоски се осврна и на автопатиштата, и поврзувањето со соседите, посочувајќи дека на некој начин Македонија е природна крстосница на двата коридори и затоа мора да ги искористиме предностите. 

- До границата со Бугарија води експресен пат кој околу Нова година ќе го пуштиме во сообраќај, со што за околу 1 час и 20 минути ќе се стигнува до границата. Започнавме реконструкција на граничниот премин Деве Баир, но од другата страна на границата ништо не се работи за да може квалитетно да се поврземе - потенцираше министерот Николоски.

Воедно посочи и на граничниот премин Клепало кој од македонска страна е изграден пред десетина години, но не е ставен во функција од причина што бугарската страна до сега нема инвестирано во инфраструктурата.

- Ако имаме автопатско поврзување кон Бугарија, а тие немаат, која е поeнтата да градиме автопати. Сега ја забрзуваме постапката за Охрид - Кичево, забрзуваме и со Гостивар - Букојчани, што значи дека ќе имаме автопат и нa запад. Добра вест е што Албанија гради, што значи дека ние автопатски ќе се поврземе со пристаништа Драч и Валона, додека од бугарска страна не се грaди ништо. Истото е и со пругата. Мораме да имаме заедничи проект бидејќи пругата не води никаде. 

Тие јавно истакнаа дека немаат проект за пругата и дека до 2026 година ќе го направат проектот, а ќе им требаат уште најмалку четири години да ја изградат. Јас не сакам да оставам позади мене незавршен проект па генерациите после мене да решаваат проблеми. Дополнително на Бугарите ќе им треба повеќе време бидејќи тие треба да ја реконструираат и целата пруга од Ѓуешево до Софија - истакна министерот.

Тој потенцираше дека потребно е да се ревидира прво проектот за третата фаза, потоа да се прилагоди цената и да се обезбеди договор со Бугарија со кој ќе дадат гаранции дека пругата ќе ја изградат до границата. 

Во однос на коридор 10 исткана дека приоритет за следната година е реконструкција на пругата на Коридор 10 и амбициозниот проект за изградба на брза пруга исто така на Коридор 10. 

Можеби ќе ве интересира

„Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да ги задржиме младите“: тутунопроизводителите велат имаме квалитетен продукт

„Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да ги задржиме младите“: тутунопроизводителите велат имаме квалитетен продукт

УСВОИЈА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА - еве како влијаеше на нивната економија

УСВОИЈА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА - еве како влијаеше на нивната економија

ТРИ УРЕДИ КОИ „ГОЛТААТ“ СТРУЈА! Еве како да ги намалите сметките на половина, електричар советува што прво да направите

ТРИ УРЕДИ КОИ „ГОЛТААТ“ СТРУЈА! Еве како да ги намалите сметките на половина, електричар советува што прво да направите

Народната банка бележи прогрес во областа на статистиката, од следната година ќе објавува и податоци за финансиските текови

Народната банка бележи прогрес во областа на статистиката, од следната година ќе објавува и податоци за финансиските текови

КАЗАХСТАН И УЗБЕКИСТАН НОВИ ПАРТНЕРИ НА БРИКС: „Ова е веќе голем чекор“

КАЗАХСТАН И УЗБЕКИСТАН НОВИ ПАРТНЕРИ НА БРИКС: „Ова е веќе голем чекор“

ДОЛГОТ Е ПРЕГОЛЕМ: моден синџир затвора продавници низ повеќе балкански земји

ДОЛГОТ Е ПРЕГОЛЕМ: моден синџир затвора продавници низ повеќе балкански земји

„ПЛАТИТЕ ОД 6.000 ЕВРА МОЖЕ ДА СТАНАТ МИНАТО“: германскиот автомобилски гигант во криза, граѓаните стравуваат за иднината

„ПЛАТИТЕ ОД 6.000 ЕВРА МОЖЕ ДА СТАНАТ МИНАТО“: германскиот автомобилски гигант во криза, граѓаните стравуваат за иднината

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЦЕНАТА НА КАКАОТО - се продава поскапо и од бифтек, од ден во ден нови поскапувања

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЦЕНАТА НА КАКАОТО - се продава поскапо и од бифтек, од ден во ден нови поскапувања

Пад на цените на електричните автомобили во Германија, просечната сега е помала од 40.000 евра

Пад на цените на електричните автомобили во Германија, просечната сега е помала од 40.000 евра