04 Мај, 2024
0.0299

Македонија не се откажува од екстрадиција на Груевски, бара поништување на азилот

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Македонија ќе бара од Унгарија да се повлече одлуката за азил на Никола Груевски и не се откажува од барањето за екстрадиција, рече вчера министерката за правда Рената Дескоска. Нејзиниот унгарски колега Ласло Трочани, пак, изјави дека унгарската Влада ја исклучува можноста за екстрадиција, додека владиниот портпарол Миле Бошњаковски истакна дека Груевски ќе се врати во Република Македонија и тука ќе ја отслужи казната. Како целосно лажни ги оцени наводите во барањето азил и изрази очекување дека унгарските власти ќе ја отповикаат одлуката за азил и дека Груевски ќе биде екстрадиран.

– Владата размислува и ќе донесе одлука да испрати барање за повлекување на одлуката за азил на Никола Груевски, од причини што доколку одлуката е заснована врз определени факти кои не се такви какви што се, државата има право да ја отповика или да ја поништи одлуката, рече вчера Дескоска.

Истакна дека унгарските закони се доста рестриктивни и дури даваат и можности за отповикување на дадена одлука за азил, така што Владата размислува и ќе донесе одлука да испрати барање за повлекување на одлуката за азил.

– Исто така, гледајќи го унгарскиот закон, оние кои добиваат азил, доколку во исто време не добијат државјанство, или трајно жителство, нивната одлука за азил се преиспитува, по службена должност на секои три години. Значи, доколку Груевски не добие државјанство, тогаш неговата одлука дури и во овој случај не биде преиспитана по барање на Владата, би требало според унгарските закони да биде преиспитувана на секои три години, појасни Дескоска.

Посочи дека кога ќе се поднесе барање за азил и кога државата ќе поднесе барање за екстрадиција, тие два процеси, ако одат паралелно, екстрадицијата чека додека не се даде одлуката за азил или ако не, воопшто не носат одлука никаква и не ја почнуваат постапката за екстрадиција, додека не се даде одлука во постапката за азил.

Додаде дека досега со Унгарија немале проблем околу екстрадицијата во ниту еден случај и оти Унгарија никогаш не покренала никакво прашање ниту за состојбите во затворите ниту за сомневања во делувања во судството за да одбие екстрадиција. – Ова не е прва екстрадиција што ја бараме, но се надевам нема да отскокне да биде прва што ќе биде одбиена, потенцира Дескоска.

Во делот што се однесува до помилувањата како основ за одбивање на екстрадиција, Дескоска рече дека постојат аргументи што ќе бидат дадени во тоа барање за поништување на азилот, затоа што тоа е одлука која треба да ја донесат унгарските власти. – Нашето искуство од она што е практично право зборува дека нема основ за одбивање на екстрадицијата, нагласи министерката за правда.

Во меѓувреме, унгарскиот министер за правда Ласло Трочани рече дека унгарската Влада ја исклучува можноста за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Македонија. – Груевски откако доби азил во Унгарија не може да биде испорачан во земја во која e цел на прогон, кажа Трочани.

Од Министерството за правда за МИА вчера изјавија дека на секои три години повторно се разгледува статусот на секој кој добил азил во Унгарија (супсидијарна заштита), што е предвидено според постапките за азил на Унгарската канцеларија за имиграција.

Барањето за азил, како што појаснуваат оттаму, мора да биде разгледано пред барањето за екстрадиција, затоа што не може еден административен орган за лицето да одлучи да не се враќа во одредена земја, друг административен орган да наложи враќање во таа земја. Затоа, постапката за азил претходи на постапката за екстрадиција.

Од овие причини, Република Македонија, како демократска земја ја разбира ваквата постапка. Се надеваме дека унгарските власти кога ќе го разгледаат барањето за екстрадиција и сите гаранции кои ги достави Министерството за правда и ќе увидат дека наводите во барањето за азил се лажни и дека ќе ја отповикаат одлуката што е предвидено како можност во унгарскиот закон, велат од МП.

Во барањето за екстрадиција се наведени сите постапки за кои во моментот на неговото изготвување имавме сознанија дека се водат пред правосудните органи во Република Македонија. Станува збор за вкупно десет постапки од кои едната е правосилна завршена, сите други се во тек.

Тоа е направено со цел, во случај да дојде до екстрадиција на Груевски, да се избегне начелото на специјалност (да не може да биде гонет за ништо сторено пред дозволената екстрадиција).

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски вчера на прес-конференција рече дека Груевски ќе се врати во Република Македонија и тука ќе ја отслужи казната. – Наводите во барањето за азил се целосно лажни и очекуваме дека унгарските власти ќе ја отповикаат одлуката за азил и дека Груевски ќе биде екстрадиран, рече тој.

Посочи дека постапката за  екстрадиција е почната, документацијата е пратена во Владата на Унгарија и дека таа е одделна од постапката за азил, односно двете постапки воопшто не се во корелација.

На прашањето каде се пропустите и кој е одговорен за бегството на Груевски од кое поминаа десет дена, а нема информации, владиниот портпарол одговори дека се водат две постапки во МВР и кога сите информации ќе бидат утврдени, детални и темелни, ќе бидат презентирани во јавност.


Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите